“Хоpоp и цpнина е нашата улица – Само солзи и крици се слушаат. Дали совеста ќе проработи некогаш кај луѓето ?“

Трогателен фб статус со прекрасна порака :

Навидум обичен убав сончев ден, неделен… Ден за релаксирање и одмор со фамилијата.. Се додека еден несовесен шофер по нашиот каубојски пат или веќе добро познат како Патот на смртта не го уништи овој ден. Прегазени тројца ! Да ! Детенце од одприлика седум години неподвижно лежеше, додека се обидувавме да му помогнеме со вода… Го однесе амбулантно возило, со надеж дека овој живот ќе се спаси…ќе се сочува. Погоре на само 500 метра, уште две тела се жртви на истиот шофер. Едниот живот згаснал… Брзата помош само крена раце…. Другиот го однесоа.. Хорор и црнина е нашата улица…Само солзи и крици се слушаат. Дали совеста ќе проработи некогаш кај луѓето ? Дали ќе сфатат дека брзата вожња не носи ништо добро ? Дали некој ќе превземе нешто за да се превземат соодветни мерки за регулирање на брзината ? Уште колку животи треба да згаснат за да се разбуди совеста кај вас ? Која е крајната бројка ??? Лута сум ! Лута и тажна и бесна !!! Превземете нешто ! Вака не смее да продолжи ! Ова лудило мора да запре !!! Луѓе, сограѓани, разбудете се ! Протестирајте,барајте, молете но да смениме нешто !!! Ова мора да престане !!!