Македонци во Америка:„Недела се собираме сите во црква, си помагаме колку можеме“

Си помагаме колку можеме некој тука се долго време некои се старо седелци дури од минатиот век кој како успеал да мигрира. Живеењето во Америка е одлично тука се сите македонци во пределот на Њу Џерси си помагаме нон стоп вели Петар кој отишол преку work n travel и останал.

Македонците кој одат во Америка најчесто посредуваат преку агенциите одлучуваат да останат зошто е тоа така ?
-Платата во Америка зависи многу во кој регион се наоѓате најчесто Македонците одат Њу Џерси или Чикаго и примарниот бизнис им е заработка преку шпедиции односно возење камион зошто целиот процес со стекнување на возачка и посредување документи го знаат претежно балканци. Обично тоа е високо платена работа со околу од 2000$ па достигнувајки се до 4000$, они другите кои не се во овој ранк заработуваат помалку или пак имаат 2 работи во различни индустрии.

Зошто Америка ?
– Земја на можности, тука балканците функционираат исто како во некој земји низ европа односно си помогаат а има и онакви кои сакаат меѓу себе да се злоупотребат што е нормално од нашиот балкански менталитет едноставно веќе видено. Но со оние кој имаат чиста мисла функционираме одлично секоја недела си одиме на црква си имаме македонски собири во моментов тоа е малце невозможно поради коронавирусот во Америка но зборам дека често сме во контакт со сите и имаме прекрасна дружба си помагаме во однос на работи.


„Целта на овие собири, како прво е да се покажеме како македонски народ, да се покажеме како народ, како нација, пред Американците. Основната негова цел е да ги привлечеме Американците, нашите комшии и пошироко“, -свештеник во црквата Св. Кирил и Методиј во Њу Џерси.

Дали јазикот е пречка?
-Видете вие тука не зборите амерички односно англиски кога одите во продавница ве служи македонец, возилото го носите на сервис кај што работат македонци многу ретко имате контакт со американци тука има возрасни луѓе кои немаат познавање од англиски 20 години се веќе тука а не знаат, така да не еден начин не е пречка.

Мора да си помагаме без разлика од каде доаѓаме и кој сме, вели Петар кој е веќе 10 година таму женет за Американка и има 2 прекрасни дечиња по име Александар и Марио за булевар.мк раскажа во кратки црти како е за македонците во Њу Џерси и Америка.