„Мерките со короната се пропаганда“

Од почетокот на пандемијата со ковид-19 болницата 8 Септември беше главниот ковид центар во државата.

Директор на болницата 8 Септември е Христијан Костов. По заминувањето на Арбен Таравари од функцијата министер за здравсто токму Христијан Костов и Венко Филипче беа кандидати за таа функција.

Сопругата на Костов, Елена Костова Петрова е многу активна на социјалните мрежи. Од нејзините статуси се гледа дека таа болеста ковид-19 ја сведува на ниво на сезонски грип и не се согласува со државната политика која се води за справување со пандемијата.

Таа и самата е од медицинската фела, и потекнува од познато медицинско-фармацевско семејство.