1 час и 30 мин од Карпош до Визбегово – Граѓаните нервозни чекаат во редици низ собраќајниот хаос во Скопје

Сликата денеска е иста една улица која се прави пред Александар палас ќе ве натера да чекате скоро 1 час и 30 минути за да можете да си отидете дома. Собраќајниот хаос во Скопје е дојдено до ниво каде што веќе не се ни почитуваат знаци ни семафори.

Дејан Соколовски за Булевар: „До сега возевме од Карпош до Визбегово некаде околу 1 час и 30 минути беше целата редица некои намерно поминуваат на црвено само за да влезат во колоната која е закочена тоа е страшно, а од друга страна семафорите се премногу кратки и се прави хаос. Ова не е само од една страна на градот туку на повеќе едноставно е прашањето зошто сега ги правите улициве можевте во карантин или ви се брза поради изборите кои се другата година?“

Сликата е јасна премногу фрустрации но воздржете се од секакви провокации и гледајте да го избегнувате посебно патот кај Александар Палас од 15 до 17 часот.