Биљана по победата над короната: “33 дена во друг свет, ти благодарам и тебе Господи без твојата моќ”

Патешествие и искушение

33 дена во друг свет. Свет поразличен од овој надворешниот.
Пациентите ти се пријатели и цимери, а докторите, сестрите и болничарите фамилија.
Секој ден се будиш со мисла за победа, победа која ни малку не е лесна!
Искушение кое ме научи дека здравјето и љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто.
Патешествие кое ме натера да влезам во оној друг свет, свет на доктори и сестри кои со последните свои атоми се грижат и даваат се од себе за секој пациент. Трчаа, неуморно трчаа и се бореа, се бореа и за мене и БЛАГОДАРЕНИЕ на нив сега сум назад во надворешниот свет, во оној понормалниот. Но, со другиот дел од себе, останав таму, таму сум и сега со мислите, со сите Вас кои се борите за живот и Ви оставив позитивна мисла и сила колку што можев за да успеете сите, како што успеав јас!

А, за Вас кои сеуште живеете без ваква победа, би сакала да ве посоветувам носете маски, држете растојание и чувајте си го здравјето и заштитете ги вашите најмили!!!

Ти Благодарам и Тебе Господи, без твојата моќ и подадена рака ова не би го преживела! Амин! 🙏