„Трајче ќе остане запаметен како голем човек“- Се простија од Трајче, сите другари, роднини, политичари

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил и пулмолог, а ја раководел ковид-единицата во детската болница „Козле“.

Сообраќајната несреќа се случи попладнево на улицата Франклин Рузвелт – се судрија два автомобила, „опел“ со струмичка ознака и „цитроен“ со гостиварска ознака.
Очевидци изјавиле дека до несреќата дошло кога возачот на „цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „опелот“ па во дрвото.

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево откако му се слошило и со автомобилот удрил прво во друго возило во движење, а потоа и во дрво на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.

-Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина. Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек. Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар. Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија. Почивај во мир драг Трајч – напиша Заев на фејсбук.

Другари, пријатели, политичари, блиски се простија од Трајче 32 годишниот Пулмолог, згасна еден млад живот,  нека почива во мир.