Connect with us

Инфо +

Го допревме дното како нација :„Болеснику! Ако некогаш дознаам кој си ..“

Published

on

Ова е дефинитивно најголемиот очај што сме го виделе некогаш го допревме дното како нација :

Свет

Преку четири часа траеја разговорите на Путин и пратеникот на Трамп

Published

on

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за решавање на конфликтот во Украина заврши доцна во петокот по повеќе од четири часа, пренесе „Ројтерс“ цитирајќи ги руските државни медиуми.

Кремљ на својата веб-страница објави фотографија на која двајцата официјални лица се ракуваат, истакнувајќи дека средбата се одржала.

„Темата на средбата – аспекти на решение околу Украина“, кусо соопшти Кремљ.

Руските новински агенции јавија дека средбата траела повеќе од четири часа.

Интерфакс објави дека Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој се повеќе се фокусира на Русија, го напуштил местото на состанокот – претседателската библиотека во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија.

Тасс објави дека инвестицискиот пратеник на Путин Кирил Дмитриев се вратил во хотел во градот.

Continue Reading

Свет

Меркел ја изненади Европа: Порано сакаше отворени граници, денес сака да ги затвори

Published

on

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, изразила поддршка за построга миграциска политика која ја планира новата влада составена од Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk, Меркел, која во текот на мигрантската криза во 2015 година ги отвори германските граници за повеќе од милион баратели на азил, изјави дека и покрај разликите во „дикцијата и тонот“, нејзината политика тогаш била слична на онаа која сега ја поддржува новиот канцелар, Фридрих Мерц. Според неа, суштински не се разликуваат. Меркел додаде дека и таа се залагала за борба против нелегалната миграција, казнувањето на трговците со луѓе и за спречување на мигрантите да ги ризикуваат своите животи на патот до Германија.

Таа истакна дека е во ред да се одбијат барателите на азил на германската граница по консултациите со соседите, додавајќи дека миграциските прашања не треба да се решаваат само на германско-австриската граница, туку идеално на надворешните граници на Европа.

„Миграциското прашање нема да се решава на германско-австриската граница, туку, идеално, на надворешните граници на Европа“, изјави Меркел за германскиот јавен сервис ARD.

Меркел ја коментираше и актуелната ситуација во врска со преговорите за формирање нова влада, истакнувајќи дека е задоволна што малку информации излегле во јавност од преговорите помеѓу CDU/CSU и SPD.

Во однос на Фридрих Мерц, Меркел изјави дека има „апсолутна волја за власт“, додавајќи дека помеѓу нив стоела фактот што и двајцата сакале да бидат на чело на партијата.

Continue Reading

Свет

Вознемирувачки видео: Снимка од дрон покажува како руски војници егзекутираат четворица украински војници со кренати раце

Published

on

Воздушни снимки откриваат егзекуција на украински војници од страна на руските сили во Пјатихатки.

Воздушни снимки откриваат тешки сцени од селото Пјатихатки во јужна Украина, каде четворица украински војници, со кренати раце, излегуваат од уништена куќа и легнуваат на земја во знак на предавање. Над нив стојат вооружени руски војници.

Два дрона – еден украински и еден руски – ја регистрирале ситуацијата. Според анализа на „Асошиетед прес“ и Британскиот центар за информативни истраги (ЦИР), руската снимка прекинува во моментот кога заробените сè уште се живи, додека украинскиот дрон го документира нивното погубување од непосредна близина.

„Ова е едно од најјасните незаконски убиства што сме ги анализирале“, изјави Роло Колинс од ЦИР. „Не се работи за борбена ситуација, туку за ладнокрвна егзекуција.“

Според европски извори, инцидентот се случил на 13 март. На снимката се гледа како руските војници прво ги проверуваат заробените, по што пристигнуваат уште двајца, комуницираат преку радио и започнува систематско погубување – секој украински војник е убиен еден по еден.

Украинската 128. бригада, која ја снимила сцената, одби да коментира поради отворена истрага. Украинската служба за безбедност го потврди случајот и го води како можно воено злосторство.

Според официјалните украински податоци, од почетокот на руската инвазија досега се документирани најмалку 245 случаи на егзекуции на украински заробеници – што, според обвинителите, укажува на систематска и организирана пракса од страна на руските сили.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк