Connect with us

Инфо +

По високата бројка Словенија од утре во карантин – Ќе има ли кај нас рестриктивни мерки?

Published

on

Во Словенија од утре ќе се воведе карантин во седум од 12 региони, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, одлучи тамошната Влада. Во седум региони се забранува групирање на повеќе од 10 лица на јавни или приватни места. Забраната за централна Словенија, Горењска, Корошка, Засавје, Посавје, Савинска и југоисточниот дел на Словенија ќе стапи во сила на полноќ. Таквата мерка е воведена во овие региони затоа што во изминатите две недели, просечно 140 жители на 100.000 се заразувале со коронавирусот.

Нов негативен рекорд забележа и Албанија. Од тестраните 971 сомнителен случај вирусot е дијагностициран кај 169 што е за седум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

„Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана“, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.

Балкан

Курти: Заедничките гранични точки се повеќе од гранична инфраструктура, тоа се точки на соработка и уште поголемо поврзување на Македонија и Косово

Published

on

Создавањето заеднички гранични пунктови Елез Хан-Блаце и Јажинце-Глобочица е повеќе од гранична инфраструктура, тоа се нови точки за услужување и соработка, кои уште повеќе ги поврзуваат Македонија и Косово и натаму го зајакнуваат добрососедството“ – изјави премиерот на Косово Албин Курти на денешното предавање во употреба на едношалтерскиот систем на граничниот премин Елез Хан-Блаце. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Порталот натаму пишува: Курти истакна: „Отсега граѓаните ќе бидат проверувани само на влезот во земјата домаќин, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку заеднички технолошки систем. Само во 2024 година повеќе од 5 милиони граѓани ги поминале трите гранични точки меѓу Македонија и Косово. Оваа бројка е потврда за поврзаноста меѓу нашите луѓе, но и за потребата за слободно и брзо движење и на граѓаните и на стоката. Не радува тоа што отсега нашите полицајци ќе работат рамо до рамо на исти простори.“

Тој изрази очекување дека оваа иницијатива ќе биде придружена со доизградба на автопатот Скопје-Блаце и тунелот на оската Тетово-Призрен.

Continue Reading

Свет

Напад со дронови врз Украина: Четири повредени и голема штета во Киев!

Published

on

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта, при што се повредени четири лица, а предизвикана е сериозна штета на станови и деловни објекти во Киев и други делови на Украина, соопштија денеска украинските власти.

Според украинските воздухопловни сили, противвоздушната одбрана соборила 56 од 88-те лансирани руски беспилотни летала, објави Ројтерс.

Исто така, воени извори наведуваат дека се „изгубени“ 24 дронови.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека три лица се повредени во Киев поради напади со дронови.

Отпадоци од дрон уништија приватна куќа и оштетија неколку комерцијални објекти, предизвикувајќи големи пожари на различни локации во Киев, соопштија градските власти.

Уште едно лице е повредено во Харков во североисточна Украина, изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов.

Регионалните власти, исто така, пријавија штета на станбени и комерцијални објекти во централниот регион Дњепропетровск, додека војската пријави штета во регионот Одеса на југот на земјата.

Continue Reading

Свет

НАТО обвинува: Русија планира нуклеарно оружје во вселената

Published

on

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Алијансата има информации дека Русија ја разгледува можноста за поставување нуклеарно оружје во вселената, што може „сериозно да ја загрози глобалната безбедност“, објави германскиот весник „Велт“.

„Свесни сме за извештаите дека Русија ја испитува оваа опција“, изјави Руте за весникот, додавајќи дека Москва заостанува зад Западот во вселената и дека се обидува да го достигне развојот на нуклеарно антисателитско оружје.

Според него, таквото оружје не би било насочено директно кон Земјата, туку кон сателити, чие уништување може да предизвика „хаос“, бидејќи многу клучни системи на планетата се потпираат на сателитската технологија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк