Connect with us

Инфо +

Џамбазов: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…

Published

on

На денот кога се навршуваат 13 години од трагичната смрт на Тоше Проеси, Игор Џамбазов потсети дека тој беше многу повеќе од пејач.

Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…, напиша македонскиот шоумен.

View this post on Instagram

Тоше…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Скопје

Трагедија: Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

Published

on

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 14.11.2024 во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат А.С.(53) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Continue Reading

Скопје

Историски инвестициски циклус од 615 милиони денари за капитални проекти во Ѓорче Петров!

Published

on

Оваа иницијатива носи значајни капитални проекти кои ќе овозможат модернизација, урбан развој и подобар живот за сите граѓани.

Општина Ѓорче Петров го започнува најголемиот инвестициски циклус досега, со едногласно усвоени измени и нови развојни програми. Оваа иницијатива носи значајни капитални проекти кои ќе овозможат модернизација, урбан развој и подобар живот за сите граѓани.

Клучни проекти кои ќе бидат реализирани:

• Изградба на три нови градинки во Дексион, Александрија и Ново Село, додека изградбата на градинката во Стопански Двор веќе е во тек.
• Подготовка на основен проект за ново општинско училиште во СЗ 16, Александрија.
• Реконструкција и надградба на основните училишта „Јоаким Крчовски“ во Волково и „Страшо Пинџур“ во Даме Груев.
• Изградба на спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром и реконструкција на салата „Христо Батанџиев“ во Ново Село.
• Развој на спортски комплекс во Ново Село и нов еко парк во СЗ 20.
• Реконструкција и доградба на Домот на културата „Ѓорче Петров“.
• Завршна фаза на реконструкција на улицата Радушка и изградба на пешачка патека со осветлување од Волково до село Орман.
• Нови улици, канализациони и водоводни мрежи, како и монтажна катна гаража во реонскиот центар.

Овие проекти ќе придонесат за современ изглед на општината, урбан развој и значајни подобрувања во секојдневниот живот на жителите.
Ѓорче Петров станува модерна, урбана и развиена општина!

Continue Reading

Македонија

Филков: Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денес ја отвори првата од серијата стручни дебати посветени на измените на Законот за Судскиот совет. Овие дебати се организираат во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, со цел создавање функционален и независен Судски совет, кој ќе работи исклучиво во служба на правдата.

„Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија и да функционира во интерес на правдата. Ова е од клучно значење за зајакнување на владеењето на правото во нашата земја,“ изјави Филков.

Работната група на Министерството за правда веќе подготви нацрт-измени, а јавноста, стручната фела, меѓународните организации и граѓанскиот сектор активно се вклучени во процесот на дебатирање. До крајот на годината, ќе се одржат уште три дебати, по што ќе следат конкретни предлози за законски измени.

Филков истакна дека транспарентноста и инклузивноста се клучни за креирање ефективен правосуден систем. „Ова е само почеток на нашиот реформски процес. Нашата цел е Судскиот совет да го вратиме на патот на вистинска независност и интегритет,“ додаде министерот.

Овие реформи се дел од пошироките напори на Владата за зајакнување на правната рамка и исполнување на европските стандарди за владеење на правото.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк