Подгответе се за зимското сметање на времето :Стрелките одат еден час назад

Веќе од следната недела се менува начинот на сметање на времето. Ноќта помеѓу 24 кон 25 октомври стрелките на часовникот одат еден час назад.

Во недела на 25 октомври во 3 часот утрото часовникот се враќа за еден час назад, што значи наместо 3 часот ќе биде 2 часот, ова значи дека ќе спиеме еден час повеќе.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно. Секој жител на Европа што се надеваше дека ќе заврши порамнувањето на времето два пати годишно, ќе мора да се стрпи.

Повеќето земји членки од ЕУ побараа дополнително време за во пракса да се примени укинувањето на поместувањето на сказалките на часовникот по летно, односно зимнско сметање на времето, стои во документот кој го издаде романското претседателство со ЕУ.