Откриен е најраниот симптом на корона што може да ви го спаси животот: Се јавува неколку дена пред сите други!


Ковид-19 е заразна болест што е потврдена кај повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот. Иако многумина од нас ги имаат запаметено првите симптоми на оваа многу заразна болест, постојат знаци кои би можеле порано да ве предупредат дека сте заразени.


Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Студија за симптоми на Ковид, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци. Оралните знаци на коронавирус се само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата. – За време на пандемијата на коронарниот вирус, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата.

Извештаи од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата – се наведува во соопштението на дерматологот.


Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате корона вирус, особено во овој период од годината. За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор. Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред појавата на очигледни симптоми.