Connect with us

Инфо +

Д-р Даниловски: Потребни се рестрикции, полициски час од 21 часот

Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа. Потребна е некоја, брана, бариера да се стави која ќе ја сопре оваа стихија, предуредува д-р Даниловски. Тој побара строги рестриктивни мерки и без сентименталности

Тоа значи полицики час и не од 23 часот туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми-вели Даниловски за Сител

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5.

Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница

Advertisement

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading

Свет

Зеленски: Русија испраќа јасни сигнали дека се подготвува за продолжување на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Москва се подготвува за продолжување на воените дејствија и дека следната година ја планира како „година на војна“, нагласувајќи дека сигналите што доаѓаат од Русија не се само за Украина, туку и за меѓународната заедница.

„Денес слушнавме уште еден сигнал од Москва дека се подготвуваат за следната година како година на војна. И ова не се само сигнали за нас“, изјави Зеленски, додавајќи дека е клучно партнерите да ги препознаат овие пораки и соодветно да реагираат, особено Соединетите Американски Држави.

Тој посочи дека од Русија доаѓа реторика спротивна на тврдењата дека Кремљ сака да ја заврши војната, нагласувајќи дека станува збор за официјални пораки и наредби упатени кон руската армија.

Зеленски најави продолжување на разговорите меѓу украинскиот и американскиот тим околу мировниот план за завршување на војната, со цел постигнување траен мир и гарантирана безбедност. Според него, дискусиите и состаноците со американските претставници ќе продолжат и во текот на оваа недела.

По разговорите одржани во Берлин на 14 и 15 декември, Зеленски изјави дека САД планираат да одржат преговори со Москва, по што би следел нов состанок меѓу американската и украинската страна.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би преферирала дипломатско решение, но предупреди дека Москва е подготвена да продолжи со воени дејствија и окупација на територии доколку, како што рече, не биде прифатен „објективен дијалог“.

Зеленски изрази надеж дека САД ќе ги земат предвид најновите сигнали од Русија и ќе одговорат со чекори што ќе ја зајакнат безбедноста и ќе го спречат понатамошното продлабочување на конфликтот.

Continue Reading

Свет

Кина на пат да стане најголемата христијанска земја во светот

Иако официјално е најголемата атеистичка држава во светот, Кина би можела во следните неколку години да стане земја со најголемо христијанско население, покажуваат анализи на експерти за религија и општествени промени.

Според проценките на Фенгганг Јанг, професор по социологија и еден од водечките истражувачи на религијата во Кина, драматичната трансформација може да се случи за помалку од една генерација. Тој предупредува дека малкумина се подготвени за обемот и брзината на оваа промена.

Податоците укажуваат дека уште во 2010 година во Кина имало околу 58 милиони протестантски христијани, а бројот на верници континуирано расте. Јанг проценува дека до 2025 година бројот на христијани би можел да достигне околу 160 милиони, додека до 2030 година, заедно со католиците, вкупниот број би пораснал на приближно 247 милиони.

Со такви бројки, Кина би ги надминала САД, Мексико и Бразил и би станала најголемата христијанска нација во светот, и покрај тоа што државата формално се дефинира како атеистичка.

Иако властите дозволуваат дејствување само на официјално признати верски заедници, во земјата постои и широко распространето подземно црковно движење кое продолжува да расте. Според експертите, религиозниот подем се покажал посилен од долгогодишните обиди за негово сузбивање.

„Мао веруваше дека религијата може целосно да се искорени и сметаше дека во тоа успеал. Иронијата е што тие обиди целосно пропаднаа“, истакнува Јанг, осврнувајќи се на периодот на владеење на Мао Це Тунг, кој почина во 1976 година.

Аналитичарите оценуваат дека религиозната преродба во Кина претставува еден од најзначајните општествени феномени на 21 век, со потенцијал да има длабоки културни и политички последици, не само за земјата, туку и на глобално ниво.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг