Д-р Пановски: Официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите

Д-р Пановски: Со маска на лице, пак би размислил дали ќе влезам во автобус

Јас лично, вели д-р Пановски, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен, на вакви мали простори каде се шират аеросоли.

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека кај нас малку порано почнал есенскиот бран на коронавирусот, а причина за тоа се собирањата, одноно свадбените веселби и неносењето на заштитни маски.

Јас лично, вели д-р Пановски, не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски, би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен, на вакви мали простори каде се шират аеросоли.

Д-р Пановски вели дека главното ширење на заразата е јавниот превоз и потребно е да се воводат построги мерки, затоа што многу луѓе се однесуваат слободно.

-Официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите. Летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасна е каде е главниот пренос на ковид во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска, вели Пановски