После Исус и Гоце Делчев, бугарите ги земаа и Актерите Владо Јовановски и Николина

Како во бугарската јавност се манипулира систематски со македонската историја и како за Бугарите се е бугарско, покажува и оваа фотографија која ја објави порталот off.net.mk

Имено Фејсбук страница насловена „Бугарски национализам“ не само што ја бара за себе македонската историја, туку се оди дотаму што во обид да бугаризираат се што е од македонската историја, па не забележале дека ги „крадат“ улогите на македонките актери Николина Кујача и Владо Јовановски.

Фотографијата која е објавена на Фејсбук страницата е дел од филмот на македонскиот автор Милчо Манчевски “Прашина”.