Премиерот со легендарен гаф: “Вирусот е лебдечки, при движење го креваме”

– Гледате дека бројките се зголемени. Дебатата и дискусијата е отсјај на слободата и јас ја разбирам, но на крајот сепак најголема тежина има експертската дебата и одлуки. Вирусот е лебдечки, стои на површината, при движење го креваме.

Сите мерки што се предложени и чекаат законска промена и мерките што се предлагаат дополнително, не се ништо поразлични од мерките што ги предлага светот.

Прашањето е до каде оценуваат експертите дека импактот од нив ќе овозможи да живее економијата, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.