Ивана: “Работам како келнерка во познато кафуле, луѓе сфатете дека срамота е да оставите 10-20 денари бакшиш”

Млада девојка која работи како келнерка, сподели интересна приказна за своето работно место, меѓутоа, тоа со право ги налути речиси сите кои ја прочитаа оваа приказна.

Изјавата на Ивана ви ја пренесуваме во целост:

“Работам како келнерка во едно познато кафуле. Четири години се занимавам со оваа работа покрај студирањето и секогаш ми е чудно како луѓето со гордост оставаат 10-20 денари бакшиш. Навистина ги ценам парите, но нели е срамота да оставите 10-20 денари бакшиш? Постојат луѓе кои знаат да ги почестат своите другари со неколку тури, да се покажат во друштвото, а на келнерот му оставаат 10-20 денари бакшиш. Јас немам срце да седнам во кафуле и да не оставам барем 40-50 денари бакшиш.”

Иако во земјите ширум светот, познато е дека бакшишот се задолжителни 10-20% од сметката на муштеријата, сепак на Балканот ова не е пракса.

Според коментарите под објавата на келнерката Ивана, може да се заклучи дека финансиската состојба на просторите на поранешна Југославија сепак не дозволува ова да биде пракса и овде. Ова се само дел од коментарите под објавата.

“Колку многу луѓе живеат од минималец, им оставаме ли бакшиш нив? Понекогаш едвај собирам пари за кафе, уште келнерите да ги издржувам”

“Не сум должен да ти оставам бакшиш. Доколку не ти одговара работата, тогаш најди си некоја друга, а не тука да солиш памет”.

“Некогаш немам пари ниту да излезам во град, а уште помалку да се грижам за твојот бакшиш. Оставам бакшиш кога сум при пари, но сосем океј е и да не оставам”.

“Во Хрватска, на море, знам дека келнер има сигурно 1000 евра плата, бидејќи работев едно време за фирма која вработува работници во таа бранша. За готвачи кои имале искуство и ја знаат својата работа, се даваше и по 3000 евра плата. Моментално рабтоам за 750 евра во канцеларија, и зошто би му давала бакиш на некој, кој има за неколку стотина евра поголема плата од мене, а работа му е да ми донесе кафе? Кој ми дава бакшиш мене кога низ рацете ми поминуваат 300 сметки на ден? Никој”.

“Да, вам ви значи бакшишот, но многу луѓе едвај ги собираат и тие 150 денари, можеби нив им е мило што можат да ви остават барем толку, знаеш…оној кој нема дава најмногу. Претпоставувам дека ти си благодарна кога некој богаташ ќе ти остави 50 денари бакшиш, но ти не сфаќаш дека тоа за него е ништо, додека оној кој одвојува од своето дете, од себе, за него и тие 50 денари претставуваат нешто.”

Што мислите вие, дали изјавата на Ивана е во ред и дали во повеќето случаеви кога пиете кафе или сок во кафуле, имате навика да оставите и бакшиш за келнерите?