Пронајден е исчезнатиот чичко Васил

Семејството Ангеловски од скопско Маџари објави дека го нашле Васил, за кого пред неколку часа објавија дека е исчезнат од дома.

Синот Бошко преку својот Фејсбук ја соопшти убавата вест, дека татко му Васил е пронајден.

Претходно, семејството побара помош од сите кои можат да дадат каква било информација за Васил.