Македонски иноватори создадоа необична заштитна маска која нуди голема безбедност

Необичната маска е изум на македонската Асоцијација на иновации, и се работи за маска која ги заробува честичките кои се издишуваат во посебни перничиња без оспаснот да се пренесе заразата во околината.

Однадвор изгледа како и сите обични платнени маски. Но во неа е скриен еден мини систем од мал издувник со две цевчиња. Со помош на нив, јаглеродниот диоксид наместо да се одбие од маската и повторно да се вдиши назад – оди во платнените перничиња.

„Воздухот, нормално, се вдишува низ нос а се издишува преку овие два канали во воздушните џепови. Ниту можете да примите зараза од некого ниту да пренесете. Овој проблем што го имавме досега со обичните заштитни маски е што се издувува воздухот помеѓу маската и лицето и после дел од тој воздух се вдишува.“ истакна Мирко Узелац, претс. на Национална асоцијација на иноватори на Македонија, за Канал 5.

Од Асоцијацијата велат дека засега ова е само прототип кој може да претрпи минимални измени. Уверуваат дека маската е сто проценти безбедна и лесна за носење и преку цел ден. Добра вест и за оние кои носат очила – ваквата маска нема да им ги замаглува стаклата.

„Маската може да најде широка примена. Она што посебно е важно е што и после најновата болест истата маска може да се користи посебно хирургија, фармација и секаде таму каде што маската треба да се носи цел ден, истакна Мирко Узелац, претс. на Национална асоцијација на иноватори на Македонија .

Маската е „стара“ само 15 дена, па затоа следен чекор е презентација пред производителите и зелено светло за нивно широко производство. Додатните делови на маската, според проценките на Узелац, би ја зголемиле крајната цена на маската од останатите кои веќе се на пазарот за симболични 20 денари.