Connect with us

Инфо +

Денеска е Свети Апостол Филип

Светиот апостол Филип

Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Тропар
Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото, и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение, Христов чудотворче, на ангелите собеседниче, моли се пред Спасителот во борбата да не омлитавиме.

Спомен на Седмиот Вселенски Собор

Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ? се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека н ? помилува и спаси. Амин.

Тропар
Препрославен си, Христе Боже наш, Кој на земјата за светила си ни ги дал Отците наши, и преку нив си н? упатил сите во вистинската вера; Многумилостиве, слава Ти.

Кондак
Синот, Кој засветли од Отецот неискажливо, се роди од жена во две природи; а ние, гледајќи Го Него, не се одрекуваме од ликот на Неговите црти, туку чесно сликајќи Го, верно Го почитуваме. Поради тоа Црквата, пазејќи ја вистинската вера, ја целива иконата на Христовото вочовечување.

Преподобен Теофан Начертани

Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (под 27 декември) се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. Како многу образовани монаси ерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие Свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи и за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството Св. Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Св. Нектариј патријарх Цариградски

Како мирјанин и висок царски чиновник беше едногласно избран за патријарх после Св. Григориј Богослов, во 381 година. Се одликуваше со длабок разум, такт и ревност за Црквата. Се упокои мирно во 397 година.

Светите маченички Зинаида и Филонида

Родени сестри, родум од Тарс. Велат дека му се роднини на Св. апостол Павле. Како девојки се одрекоа од светот заради Христа и се повлекоа во една пештера на подвиг. Ја познаваа лекарската вештина и им помагаа на многумина болни. Особено Филонида, заради големиот пост, се удостои со дар на чудотворство. Но некои неверни ги нападнаа ноќе и ги убија со камења.

Advertisement

Балкан

Пари и нафталин: Пожар зафати банка во Бугарија

Се случи несекојдневен инцидент во центарот на Горна Орјаховица, Бугарија, кога маж предизвика пожар во локална банкарска филијала со својата лична заштеда од 4.000 лева натопени со нафталин.

Според првичните информации на дописникот на bTV, инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога мажот решил да ги депонира парите за автоматска конверзија во евра по Нова година. Парите, најверојатно чувани во гардеробер заедно со облека посипана со нафталин, предизвикале непредвидена катастрофа.

Кристалите од нафталин, токсична и високо запалива супстанца, се распрскале во воздухот откако банкнотите биле ставени во машината за броење. Прашината навлегла во системот за климатизација, а потоа искра кај касата го запалила тлеењето, кое се претворило во вистински оган кога касата била отворена.

И покрај се, нема повредени, а пожарот брзо бил ставен под контрола од противпожарната бригада. Средствата биле осигурани, а сумата од 4.000 лева успешно префрлена на сметката на мажот.

Инцидентот, кој можеше да заврши многу полошо, ја потсетува јавноста на опасностите од чување пари во комбинација со лесно запаливи материјали.

Continue Reading

Свет

Израел ја засилува армијата: 110 милијарди долари за оружје до 2035 година

izrael

Израел отвора нова стратешка страница во својата одбранбена политика: во следните десет години ќе инвестира околу 350 милијарди шекели, односно приближно 110 милијарди долари, за да ја зацврсти домашната воена индустрија и да ја намали зависноста од странски партнери.

Планот го објави премиерот Бенјамин Нетанјаху на церемонија за промоција на нова генерација пилоти во израелските воздухопловни сили. Тој порача дека целта е јасна – Израел да може самостојно да ги произведува клучните одбранбени системи, без да се потпира дури ни на „пријателски држави“.

Во таа насока, Нетанјаху ја спомена и Германија, посочувајќи дека Берлин, како и други земји, покажува растечки интерес за израелска воена технологија. Истовремено, потсети дека германската влада привремено го суспендираше извозот на оружје кон Израел поради војната во Газа и високите цивилни жртви – потег што внесе напнатост во билатералните односи.

Слични рестрикции, според него, вовеле и други европски држави, па дури и Соединетите Американски Држави, најблискиот сојузник на Израел – нешто што Нетанјаху јавно го критикуваше како сигнал дека државата мора да се потпре на сопствени капацитети.

И покрај политичките тензии, воената соработка меѓу Израел и Германија продолжува да се продлабочува. Само минатата недела двете земји го финализираа договорот за проширување на напредниот ракетен одбранбен систем „Ароу 3“, наменет за пресретнување балистички ракети и заштита од потенцијални закани, вклучително и од Русија.

Според израелските власти, вкупната вредност на договорот – заедно со основното вооружување – изнесува околу 5,7 милијарди евра, што го прави најголемиот извозен договор за оружје во историјата на Израел.

Continue Reading

Балкан

Разорна експлозија пред банка во Солун: Сериозни штети на автомобили и околни објекти

solun

Ноќта во Солун беше прекината од експлозија што ја потресе Евосмос и го вознемири целиот кварт. Звукот се слушнал на повеќе од километар, предизвикувајќи страв и вознемиреност кај жителите, кои излегле на улиците за да видат што се случува.

На среќа никој не е повреден, но последиците врз материјалните добра се сериозни. Најмалку седум автомобили биле уништени, а соседните објекти се оштетени од силата на ударот. Засега, нема информации дека пред експлозијата било упатено предупредување до полицијата или до граѓаните.

На терен веднаш пристигнаа полицајци и експерти за деактивација на експлозиви. Тие работат на утврдување на причината и можните осомничени, додека форензичките анализи се во тек.

Градските власти најавија дека наскоро ќе се објават дополнителни детали, но за сега Солунци остануваат во неизвесност, следејќи го развојот на истрагата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг