Connect with us

Инфо +

Шилегов: Би ги укинал инспекциите, да не постои државен инспекторат

Тој се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.

– Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна. Да не бидам лошо разбран, не велам дека е лоша соработката. Но, мојата правна позиција е дека треба да се молам со пазарната инспекција. Понатаму, во Железара има улица која ги дели општините Гази Баба и Бутел. Инспектор за животна средина од Бутел фаќа на лице место сторител како исфрла шут, човекот се легитимира, но шутот го исфрла десно, во Гази Баба. И инспекторот не му може ништо,посочи Шилегов.

Скопје, според него, е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид, како што рече, дуализмот во локалната самоуправа. Затоа, посочува, одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт.

– Еве да го отвориме предизвикот – да ги укинеме државните инспекции, имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости, јас така ги дефинирам некои појави за кои сме сите свесни дека постојат. Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет. Знаете дека стои? По прес-конференцијата тогаш, пред пандемијата, се крена малку фама, почнаа некои дописи, дојдоа некои истражители, фати пандемијата и се е под радар. Затоа системот за кој ние воочуваме дека е нефункционален треба да се исправи, со законски измени, рече Шилегов.

Затоа, се надоврза тој, и се предлага регионален пристап во инспекторирањето, имајќи предвид дека не сите општини имаат капацитет да издржат инспекторат на свој грб, ниту пак имаат толкав човечки потенцијал.

– Сакам чекор по чекор да ги реализирам работите – ќе го направиме унифицирањето на инспекциските служби во општините од територијата на Град Скопје, ќе инсистирам до крај за носење на закон за комунална полиција која што не е само скопска, туку напротив, предвидува можност за регионализација, па ќе дојдеме до тоа дека треба да се укинат лиценците за инспекции, па ќе го предизвикаме државниот инспекторат, рече Шилегов.

Додаде дека категоријата на морална и човечка одговорност, надвор од политичката одговорност, за носителите на јавна функција е сериозен недостаток на нашето општество.

– Треба поодговорно да ја сфатиме функцијата која што ја имаме и да овозможиме да се формира систем кој што е функционален. Добриот дел од работата е што во СДСМ тоа го имаме увидено. И во програмата на Владата, ако видите, добар дел од овие работи за кои зборувам, а за кои сме се бореле внатре во партијата да влезат во приоритети, влегоа во приоритети и се во Програмата на Владата како измени на законски текстови или носење закони, рече Шилегов.

Преговорите со Европската Унија, додаде тој, не ни ги носат вредностите на Европската Унија, туку, како што посочи, нашето менување во категоријата одговорност во работата што ја работиме ќе не однесе во квалитетно функционирање на институциите, како што впрочем сите посакуваме.

– Ама, никако да се централизира, не! Да се дисперзира, да се знае кој е крив. Ние сега имаме позиција дека градоначалниците можеби се добар чадор, политички гледано. Пример, паркирање на кеј. Логично е како граѓанин да викате „што прави градоначалникот”? Логично е. Затоа треба да внимаваме кога посакуваме централизација. Не, ние треба да дисперзираме, да унифицираме во смисла на лиценци и тогаш ќе може слободно да кажеме „е, сега, не е толку лесно и едноставно да ни се случуваат некои работи, како што ни се случуваат, нагласи Шилегов. мс/ац/

Advertisement

Балкан

Бугарија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изрази резерва во врска со предлогот на Европската Унија да се користат замрзнатите руски средства како основа за финансиска поддршка на Украина, соопштија владите во заедничка декларација.

Четирите земји се согласуваат за трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека предложениот механизам бара внимателна правна и институционална проценка. Особено се истакнува примената на член 122 од Договорот за ЕУ, кој овозможува гласање со квалификувано мнозинство, што може да има далекусежни правни и финансиски последици во областите на надворешните работи и безбедноста.

Белгија посочи ризици за финансиските институции, вклучително и „Еуроклеар“, кој поседува значителен дел од замрзнатите средства, предупредувајќи дека земјата може да биде изложена на евентуални правни побарувања од Русија.

Претставниците на ЕУ ќе продолжат со дискусии за предложените измени, пред состанокот на Европскиот совет, со цел да се разгледаат алтернативни начини за поддршка на Украина, кои би го намалиле правниот и финансискиот ризик за земјите-членки. Одлуката на ЕУ за замрзнување на руските средства беше потврдена неодамна и има за цел да спречи земјите поблиски до Москва, како Унгарија и Словачка, да го блокираат користењето на овие средства.

Continue Reading

Свет

Силна експлозија во Франција – петмина повредени

Силна експлозија ја погоди приземјето на една помала зграда во градот Тревос, во близина на Лион, вечерва околу 18 часот, при што пет лица се повредени, објави „Фигаро“.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на фасадата на зградата, а спасувачките екипи брзо интервенирале. Жртвите добиле медицинска помош на лице место, додека педесет пожарникари со 36 возила и медицински служби биле мобилизирани за да им пружат помош на повредените.

Како мерка на претпазливост, средното училиште лоцирано во непосредна близина било веднаш евакуирано. Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Continue Reading

Свет

Фолксваген стави крај на автомобилското производство во Дрезден

Фабриката на Фолксваген во Дрезден, позната како „Транспарентна фабрика“, ќе ја прекине производството на автомобили, а последното возило ќе излезе од производната лента во вторник, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката е дел од стратегијата на германскиот производител за намалување на трошоците и оптимизација на работењето во Германија. Компанијата минатата година најави намалување на бројот на вработени за 35.000, а финансиските предизвици се делумно резултат на намалената побарувачка на кинескиот пазар и промените во американската трговска политика, пренесува Seebiz.

Идната улога на фабриката ќе биде иновациски кампус кој ќе ги обедини ресурси на VW групацијата, сојузната покраина Саксонија и Техничкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden). Просторот ќе се фокусира на развој на вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника и дизајн на чипови, при што универзитетот ќе заземе речиси половина од објектот.

Фолксваген и TU Dresden планираат заеднички инвестиции од над 50 милиони евра (58,3 милиони долари) во следните седум години, со цел да се поттикнат иновациите и истражувањето во високотехнолошки области.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг