Деновиве треба да легнат пари од викендот без ДДВ на 204.088 граѓани

Управата за јавни приходи го заокружи првиот Викенд без ДДВ преку кој граѓаните можеа да остварат враќање на целосниот износ на ДДВ за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема.

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558 176 715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66 853 929 денари.
Управата за јавни приходи ќе им ги исплати парите на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки, што всушност значи дека парите ќе легнат на сметките на граѓаните до крајот на месецов.

Повеќе на центар.мк