Државата ќе дава и до 21.776 денари месечно за плати на вработени во погодените фирми

Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај оние компании со намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка, до седми во месецот за претходниот месец, а како рефрентен период, во Законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар.

Компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка од државата која ќе се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до седми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30 отсто пад на приходи во периодот од април до октомври 2020 година, споредено со истиот период минатата година. Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од ковид-19 кризата неделава беше усвоен од страна на Владата и ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

-Со новиот предлог-закон мерката е уште потаргетирана, односно на фирмите потешко погодени од кризата, предвидено е да им се исплаќа повисока финансиска поддршка. Имено, кај фирмите кои имаат намален приход од 30 отсто до 40 отсто, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен; за намален приход од 40,01 проценти до 50 отсто предвидени се до 15.955 денари по вработен; за намален приход од 50,01 отсто до 60 проценти до 17.410 денари по вработен; за намален приход од 60,01 проценти до 70 проценти, до 18.865 денари по вработен; за намален приход од 70,01 проценти до 80 отсто, до 20.320 денари по вработен и за намален приход од над 80 отсто износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен. Во однос на подоброто таргетирање – со предлог-законот е утврдено дека не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години, стои во соопштението од Министерството за финансии.