“Како живееме не знам ни самата, од први до први се троши целата плата”

Како живееме не знам ни самата. За живеење од први до први се троши целата плата, плус уште цела плата во минус, вели една анкетирана граѓанка. Само изминатиот месец трошоците за живот пораснале за 3,4 проценти.На сериите поскапувања во Македонија им нема крај. Од први изминатиот месец трошоците за живот пораснале за 3,4 проценти. Поскапено е речиси сè, од основните животни трошоци до бензините. Падот на животниот стандард и поскапувањето многумина ќе ги доведат на работ на егзистенцијата, предупредуваат граѓаните. Својата разочараност од секојдневното поскапување на животните трошоци многумина ја изразуваат со штедење.
На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни.Анкетирана граѓанка.
„Бидејќи стандардот е понизок, штедиме на сè, на пример на струја, повеќе користиме плин, боци купуваме, на сè.“

„Не е добро, прво храната е многу скапа, а потоа и сè друго.“

„Сите сме сиромашни, како живееме не знам ни самата. Се троши од платата цела плата, плус во минус уште цела плата. За живеење, од први до први“, велат анкетираните граѓани.

За покривање на елементарните трошоци како храна и сметки на најголемиот дел од граѓаните им е потребно да издвојат повеќе од 80 проценти од месечната плата. Според впечатокот на луѓето, и пазарот никогаш не бил поскап. Доматите во некои продавници достигнуваат и 90 денари за килограм.

„На ова поднебје коешто е познато по зеленчук, да плаќаме толку скапи пиперки, патлиџани и краставици, тоа е апсурд. Од 60 до 90 денари за кило патлиџани, зависи каде и како се купува и колку се квалитетни“, вели една граѓанка.

Ако за некој може да се каже дека ја познава секоја промена на пулсот на градот, тоа се трговците. Колку што е попразна потрошувачката кошничка, толку е подолго чекањето муштерии, наведуваат продавачите кои работат со текстил.

„Многу послабо за разлика од минатите години. Се чувствува доаѓањето на кризата и веќе е присутна. Ако купувале на пример по 5-6 парчиња, да речеме, сега дали ќе си дозволат едно или две“, вели една продавачка.