Connect with us

Инфо +

Повторно ќе се даваат субвенции за ПВЦ прозорци и за печки на пелети

Published

on

Министерот за економија Крешник Бектеши, на денешната прес конференција изјави дека во Буџетот за наредната година повторно ќе се предвидат средства за субвенции за енергетска ефикасност кои годинава поради здравствената криза мораа да бидат пренаменети со владините уредби.

Станува збор за субвенции за ПВЦ прозорци, за печки на пелети и за сончеви колекторикои ќе може да се користат и во 2021 година.

„Веќе сме во преговори со Министерството за финансии, предвидени се средства за такви мерки преку програмата за енергетска ефикасност. Сите мерки од 2019 година се предвидени и ќе се реализираат. Тргнувајќи од ПВЦ прозорци, печки на пелети, инвертери… Ќе ги презентираме сите во моментот кога ќе се усвои буџетот“, рече министерот Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

Македонија

ДУИ сакале Пошта да ја претворат во Кабаре

Published

on

Претходното раководство на Пошта сакала од стариот објект кој изгоре во пожар да го претвори во кабаре.

Оваа информација денеска ја објави министерот за транспорт, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Вели дека претходното раководство сакало тотално да го уништи претпријатието. 

-Сакам да споделам уште една информација којашто не е позната на јавноста. Знаете дека централниот објект на пошта, за жал, настрада во пожар. Јас заедно со министерот за култура, со поддршка од Европската делегација, формиравме работно тело кое интензивно работи тоа да стане мултимедијален музејски центар. Планот на претходното раководство било да го издаде за ресторан со кабаре.

Николоски побара од ДЗР, но и од ОЈО да го испитаат и работењето на Агенција на пошти, бидејќи според него, лиценци добивале доставувачи кои работат во подрум.

Ревизорскиот извештај вчера пристигнал во Републичкото обвинителство и е доделен на јавен обвинител. Тој, согласно наодите од извештајот, потоа предметот се очекува да му го додели на Обвинителството под чија надлежност евентуалните злоупотреби.

Continue Reading

Свет

Албанец од САД и мајкаму нудат 5000 $ за невина невеста

Published

on

Сакам да ве известам за објавата што ја направив вчера за мојот син Мурат Криезиу,
денес сакав да ве запознаам со момчето, но тој има некои услови како што ги имаме
кај албанските традиции.

1, жената треба да биде љубезна и културна
2 да нема никаква социјална мрежа
3 не се облекувајте екстравагантно затоа што мојот син Мурати е многу љубоморен
4 да ја почитуваш и сакаш сопствената Мајка
Последните 5 и најважно да си ДЕВИЦА

https://www.instagram.com/reel/DCXopAdJcsb/?igsh=MXBieHl5djF6Y2ZqMg==

Continue Reading

Балкан

Стејт департментот одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за Ф-16

Published

on

– Стејт департментот на САД одобри потенцијален договор со Грција за продажба на мотори за авионите ловци Ф-16 во вредност од 160 милиони долари.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка денеска ја достави потребната потврда со која го известува Конгресот за оваа можна продажба.

Како што соопшти Пентагон, главен изведувач ќе биде компанијата „Џенерал електрик“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк