Connect with us

Инфо +

Шилегов до пожарникарите: „Aко ви е мала платата, најдете си друга работа“

Published

on

Скопските пожарникари утре излегуваат на протест. Велат дека градот Скопје не им го исплаќа надоместокот за опасност при работа.

Пожарникарите тврдат дека уште пред година и пол судот одлучил надоместокот за опасност при работа да влезе во редовната плата но како што велат, се до овој момент градските власти одбиваат да го спроведат решението.

-Години наназад градот Скопје не ни го плаќа надоместоток за опаснот при работа во редовна плата, туку приморани сме тој надоместок да го добиеме преку судски пат. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди корекција на плата со надоместокот од судските пресуди, вели Дејан Исаевски, Иницијативен одбор при БППЗ-Град Скопје.

-Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како ја врши оваа исплата. Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение во секое време може да си побара работа на друго место, изјави Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје.

Инфо +

Сиљановска-Давкова: Благодарност до јапонскиот амбасадор Казуја Оцука

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа проштална средба со јапонскиот амбасадор Казуја Оцука, истакнувајќи ја неговата улога во зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Јапонија.

Со искрена благодарност за неговата посветеност и визија, Сиљановска-Давкова ја нагласи важноста на културната и традиционалната дипломатија во градењето на трајни врски меѓу двете земји. Таа изрази восхит кон амбасадорот Оцука за неговиот личен придонес во доближувањето на јапонската и македонската култура, што ќе остане врежано во заедничката меморија.

На крајот, претседателката му посака успех и среќа во личниот живот, подвлекувајќи дека неговата несебична работа ќе продолжи да служи како инспирација за идни дипломатски релации.

Continue Reading

Балкан

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КОСОВО: “ЕДИНСТВЕНА ГОРАНСКА ПАРТИЈА” СО КАНДИДАТСКА ЛИСТА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Published

on

14 јануари 2025 година, Драгаш, Косово – На 9 февруари 2025 година во Косово се одржуваат редовни парламентарни избори.

Сите државјани на Косово што живеат во странство, а кои се пријавиле за гласање надвор од Косово преку пошта, од 9 јануари до 8 февруари можат да гласаат за редовните парламентарни избори.

Централната изборна комисија (ЦИК) преку известување информира дека започна периодот на гласање преку пошта за сите државјани на Косово што го избрале овој начин на гласање.

Според соопштението на ЦИК, периодот од 9 јануари до 8 февруари ќе важи само за граѓаните што успешно се пријавиле како гласачи надвор од Косово и кои гласачкото ливче го пратиле преку пошта до едно од поштенските сандачиња отворени надвор од Косово или до поштенското сандаче на ЦИК во Косово.

Во меѓувреме, за оние што се пријавени за физичко гласање во едно од дипломатските претставништва на Република Косово, гласањето ќе се одржи на 8 февруари 2025 година.

Редовните парламентарни избори во Република Косово ќе се одржат на 9 февруари, а официјално изборната кампања веќе е започната на 11 јануари.

Според одлуките на ЦИК, за учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Косово.

На престојните парламентарни избори на Косово своја кандидатска листа има и Партијата “Единствена горанска партија”.

  • На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 29 кандидати од разни делови на областa Гора. На кандидатската листа на Партијата “Единствена Горанска Партија” се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница во Косово, зачувување и активно промовирање на културни вредности, обичаи и традиции на Македонската горанска заедница во Косово, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово, – вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.

Партијата “Единствена Горанска Партија” во својата јавна покана вели: “Заедно и масовно да излеземе на гласање, да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот горански идентитет ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога! Вашиот глас за Партијата “Единствена Горанска Партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 113!“

Кандидати за пратеници на партијата “Единствена Горанска Партија” се: Адем Хоџа, Енес Горан, Рахела Ибраими, Фејсал Халиловиќ, Ерџан Лиманче, Шејла Љајко, Ешреф Чуфта, Шукрија Аслани, Зехра Дестани, Рагбет Максути, Муамер Сулејмани, Сабина Рушити, Анес Хоџа, Един Курт, Зафира Алија, Саит Ибиши, Ерсан Рахмани, Елвира Горан, Ерсан Али, Един Нурче, Санида Бачка, Муамер Чучуљ, Енсар Рифати, Алмира Хајрадини, Елмир Алидини, Сафет Бељуљи, Ајида Пајазити, Ертур Хасани и Кабир Шуаре.

Continue Reading

Скопје

Прекин на струја во делови од Скопје

Published

on

Делови од Скопје утре, 15 јануари 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Прекинот ќе трае неколку часа, а надлежните апелираат граѓаните да ја планираат својата работа соодветно.

Скопје Ѓорче Петров, Дел од корисниците на ул.Црногорска бр.55, 57, 59, 16  прекин од 09:00 до 15:00 часот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк