Connect with us

Инфо +

Додека цел свет ја чека вакцината, ова 14-годишно девојче ТВРДИ ДЕКА ГО ИМА РЕШЕНИЕТО ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Додека научниците ширум светот се натпреваруваат да најдат лек за коронавирусот, Аника Чебролу, 14-годишна тинејџерка од Фриско, Тексас, ја доби престижната награда „3 милиони предизвици за млади научници 2020“ и 25.000 долари за нејзиното откритие кое може да доведе до можна успешна терапија против КОВИД-19, пишува Си-Ен-Ен.

„Предизвикот за млади научници“, е натпреварување во кое учествуваат средношколци од САД.

Натпреварувачите во кратко видео покажуваат идеи за нивните пронајдоци со кои би можеле да решат проблем, додека десетте финалисти имаат можност тесно да соработуваат со научниците од „3М“ и да го посетат центарот за иновации на компанијата во Минесота, со цел да да се натпреваруваат за наградата од 25.000 долари и титулата најдобар млад научник во САД.

Пронајдокот на Аника се користи за таканаречената методологија на работа „Во силициум“ за откривање на клучната молекула, која може селективно да го поврзе и испрати протеинот до вирусот САРС-Ков-2.

„Последните два дена видов големо медиумско внимание на мојот проект поврзан со коронавирусот и тоа ги рефлектира нашите колективни надежи дека ќе заврши пандемијата. И јас, како и сите други, сакам што побрзо да се вратам во нормала“, изјави Аника за Си-Ен-Ен.

Аника, американска државјанка со индиско потекло, го достави својот проект да се натпреварува, кој првично не беше посветен на наоѓањето лек за коронавирусот.

Нејзината цел на почетокот беше да се користи методот Ин-силико за да се идентификуваат водечките единици што можат да го врзат протеинот со групата вируси.

„Откако поминав многу време во истражување на оваа пандемија, вируси и лекови, би било лудо да помислам дека само јас би можела да ставам крај на целиот овој проблем“, додаде таа.

Таа призна дека инспирацијата да го најде лекот за коронавирусот и дошол откако дознала повеќе за пандемијата на шпански грип од 1918 година и била шокирана кога сфатила колку луѓе ги губат своите животи во САД годишно и покрај вакцинацијата против грип.

Кога не е во лабораторија, оваа 14-годишна девојка се занимава со традиционален индиски танц, што го практикува веќе осум години.

Advertisement

Свет

Мелони уверува: Центрите за депортација во Албанија ќе профункционираат и покрај пречките

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината влада нема да се откаже од планот за отворање центри за мигранти во Албанија, и покрај сериозните правни пречки и критики. Таа останува убедена дека проектот ќе се реализира според предвиденото.

„Сè оди точно како што отсекогаш ви велев: центрите во Албанија ќе работат“, порача Мелони на собир на нејзината партија „Браќа на Италија“ во Рим, обраќајќи им се на поддржувачите.

Мелони се повика на неодамнешниот договор меѓу земјите членки на Европската Унија во Брисел, со кој се најавува построг пристап кон миграцијата. Според договорот, ЕУ ќе го зголеми притисокот врз одбиените баратели на азил и ќе работи на поефикасни депортации.

Во рамките на овие политики, се разгледува можноста за воспоставување центри за враќање во земји надвор од ЕУ, меѓу кои и Албанија, иако овие планови сè уште чекаат конечна одлука и одобрување.

Досега, иницијативата на италијанската влада за масовно враќање на одбиени баратели на азил, дури и пред нивно влегување на италијанска територија, се соочи со ограничен напредок. Дополнително, неколку судски одлуки од италијански и европски институции го забранија префрлањето на постапките за азил во Албанија.

Continue Reading

Свет

Мерц: Европа мора обединето да ги искористи руски средствата за Украина

На Германско-украинскиот економски форум во Берлин, германскиот конзервативен лидер Кристијан Мерц истакна дека планот за користење на руски државни средства за помош на Украина е од суштинско значење за Европската Унија. Тој нагласи дека за успехот сите земји-членки треба да учествуваат и да сносат истиот ризик.

Белгија моментално го блокира планот, стравувајќи од можна законска одговорност за средствата, кои најголем дел се наоѓаат во белгиски банки, додека Унгарија исто така има забелешки од други причини.

Мерц предупреди дека неуспехот би предизвикал долгорочна штета по способноста на ЕУ да дејствува и дека светот ќе види дека Европа не е подготвена да застане обединето во критичен момент.

Тој додаде дека Европа мора да ја поддржи Украина во нејзината одбранбена борба, нагласувајќи дека Москва продолжува со воените операции и со брутални напади врз цивилната инфраструктура, што Украина го чувствува на почетокот на четвртата воена зима.

Continue Reading

Свет

ВИДЕО: Украина уништи руска подморница со подводни дронови

Украинската служба за безбедност (СБУ) објави видео за кое тврди дека прикажува напад врз руска подморница од класата 636.3 „Варшавјанка“ во пристаништето Новоросијск. Според СБУ, ова е прв успешен напад изведен со подводни дронови „Sub Sea Baby“, при што подморницата претрпела критични оштетувања и е оневозможена за понатамошна служба.

Погодената подморница, класифицирана од НАТО како „Кило“, е вооружена со четири лансери за крстосувачки ракети „Калибр“, кои руските сили ги користат за напади врз украинска територија. Акцијата била изведена заеднички од 13. Главна управа на воената контраразузнавачка служба на СБУ и украинската Воена морнарица.

Подморницата од класата „Варшавјанка“ има проценета вредност од околу 400 милиони долари, а поради меѓународните санкции кон Русија, изградбата на нова би чинела и до 500 милиони долари. Овие подморници се познати под прекарот „Црна дупка“ поради способноста на трупот да апсорбира звуци, што ги прави тешки за откривање со сонари.

Уништената подморница била стационирана во пристаништето Новоросијск откако претходните успешни напади на украинските површински поморски дронови „Sea Baby“ ги истиснале руските бродови и подморници од Севастополскиот Залив на Крим.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг