Ова е Раде, Раде на 65 години ќе го смени полот и ќе стане Елена

Елена е една од многуте трaнсродoви личност на Балканов, а живее во Сараево. Раде или Елена веќе некое време чека операција за промена на пoлoт и е една од поекспонираните личности кои се борат за ова прашање. Транзицијата за неа, како и за другите трaнсрoдoви луѓе, не била ниту лесна, ниту евтина. Најлошо, вели тој, е што по одлуката за промена на пoлoт, таа изгубила многу пријатели.

– Јас се викам Елена. Инаку, јас сум родена сарајка и целиот живот го поминав во овој град. Се надевам дека ќе го поминам и остатокот од мојот живот таму.

Таа вели дека се чувствува како жена уште од раѓање и не е изненадена што, како што вели, целиот нејзин живот „е склон кон женскиот пол“. Елена која претходно била Раде на 20-годишна возраст се оженил и е татко на едно дете. Живеел семеен живот повеќе од 30 години и по толку време решил да влезе во процесот на транзиција за да стане Елена.