Почнa учебната година за учениците и студентите – МОН: Нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата

Официјално започна новата учебна година. Во 600 училишта во државата се одржува настава со физичко присуство, a за останатите е достапно учење на далечина, преку онлајн платформата и со емитување на часови на македонски и на албански јазик на националната телевизија.

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата и од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата. Министерството за образование и наука информира дека за успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата, соопштуваат од Министерството.

За училиштата кои ќе работат со физичко присуство, Министерството за образование и наука апелира до директорите, наставниците, родителите и учениците да се придржуваат на строгите мерки за заштита од Ковид 19, бидејќи тие се клучни за спречување на ширење на заразата.

Сите сме свесни дека оваа година ќе биде многу поразлична од другите бидејќи, пандемијата предзвика огромни промени во нашите животи, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Исто така, Министерството за образование и наука се заблагодарува до сите што помогнаа во организацијата за успешен старт и очекуваме силната и посветена соработка да продолжи и во периодот што следи, се наведува во соопштението од МОН.

Шахпаска до родителите: Ако компјутерите ви се скапи, почекајте викенд без ДДВ, ќе бидат 5% поевтини

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12-ти октомври.

Оваа изјава на министерката е во најмала рака поигрување со народот. Родителите деновиве се на големи маки со платформата која не е стабилна, со неизвесноста за тоа како нивните деца ќе следат настава. Дополнителен проблем е што голем дел од семејствата немаат компјутер кој им е неопходен за онлајн настава.

Компјутерите се скапи, а народот долго време е во финансиска криза. Претставници на Владата наместо да најдат начин да им помогнат на овие семејства, тие даваат нелогични изјави кои се навредливи и потценувачки за родителите.

Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

-За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема,  а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.

Данокот кој ќе му биде вратен на родителот е една незначителна сума, а остатокот сепак најголем дел од семејствата не се во можност да го платат. Со оваа владина мерка и со овој совет на министерката, родителите ќе можат да набават компјутер поевтин за само 5%!

„Ги жалам новиве генерации, не го осетиле првиот школски ден “

Ги жалам новиве генерации. Технологијата ги отупе… Никогаш вистински не го осетиле првиот школски ден, ниту стравот од родител додека се учи песничка на памет или пишување букви во тетратка со тесни-широки линии. Потоа спремањето за на екскурзија со кроасанче, пешкирче, сокче