Чичко Симе го нацрта сонцето од Кутлеш, ден по ден го носел материјалот на планината

Долгогодишна желба на чичко Симе, Дедо Живе и Цане, пред неколку дена се остварила. Тие го овековечија сонцето од Кутлеш на камен, со пораката „Македонија вечна“. Сонцето е направено на Бушева планина во Крушево, на местото викано Шештар.

Чичко Симе речиси макотрпно малку по малку пешки го носел материјалот на планината каде е направено ова ремек дело. При изработката се потрошени околу 30 литри боја, сите материјали се носени во ранец на рамо по тешки планински предел.