Connect with us

Инфо +

Големиот Ѓоковиќ го отвори срцето за малиот Петар од Македонија

Published

on

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, актуелниот најдобар светски рекет број еден, покажа уште еднаш дека освен што е голем спортист, туку и дека има неверојатно големо срце, па во видео-порака развесели дете со аутизам од Македонија.

Ѓоковиќ многупати досега во кариерата покажа дека е голем човек и хуманитарец, па сега го отвори срцето за малиот Петар од Македонија со порака.

„Здраво Пецо, како си. Ти праќам еден бакнеж и едно гушкање од Белград и се надевам дека наскоро ќе се видиме во живо и ќе се запознаеме. Те сакам и многу те гушкам“, посочи Ѓоковиќ во својата видео-порака.

Свет

САД ја исклучиле Украина од системот за предупредување од воздушни удари

Published

on

Соединетите држави ја исклучиле Украина од системите за предупредување од воздушни удари, како и сателитските системи за целење на ракетните системи со долг дострел HIMARS, тврди дописникот на британскиот весник Economist, Оливер Керол во објавата на платформата Х.

„Америка ја исклучи клучната комуникациска линија за предупредување во 14 часот по киевско време. Пред тоа, податоците за целење на HIMARS. Украина, исто така, не добива информации во реално време за ударите со проектили со долг дострел. „Трамп сакаше благодарност“, вели извор. „Ќе го пишуваме на гробовите на мртвите Украинци““,  стои во објавата на  новинарот.

Претходно британската телевизија Sky News, повикувајќи се на неименуван украински извор, објави дека САД престанале целосно а не селективно, да ги споделуваат со Украина разузнавачките информации.

Во средата директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Ретклифф, го потврди запирањето во споделувањето на разузнавачки информации.

Во средата утрото весникот Daily Mail објави дека Белата куќа ѝ забранила на Велика Британија да си споделува американските разузнавачки информации со Киев, откако претходно Вашингтон ја запре и воената помош за Украина. Според пишувањето на весникот, забраната се однесува на Управата за комуникации на Велика Британија, специјалната служба и разузнавачката единица во британското Министерство за одбрана.

Во меѓувреме, агенцијата Bloomberg News, повикувајќи се на анонимен источноевропски функционер, објави дека САД не ги предупредиле своите сојузници за запирањето на размената на разузнавачки информации со Украина, со што на сојузниците на Киев сега ќе им биде тешко да го компензираат престанокот на размена на важните западни разузнавачки информации благодарејќи на кои украинската војска успева некако да се спротистави на руските напади.

„САД не испратија известување до сојузниците за прекинот (на споделување на разузнавачките информации) … На сојузниците сега ќе им биде тешко да ја надоместат секој ваков прекин на информациите“, го цитира агенцијата соговорникот.

Британски неименувани функционери за Bloomberg потврдиле дека позицијата на САД во врска воената и разузнавачка поддршка на Украина се зацврстила по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володомир Зеленски минатиот петок во Белата куќа. Истовремено, еден од функционерите истакнал дека ситуацијата, сепак, може да биде поправена исто толку брзо доколку Киев и Вашингтон го потпишат договорот за ретките метали, поради кој Зеленски отпатува во Вашингтон на споменатата средба која се претвори во фијаско.

Вчера американската телевизија Fox News, повикувајќи се на високопозиционирани извори во администрацијата во Вашингтон, објави дека САД запираат со испораките на муниција и воена опрема во Украина, сѐ додека Трамп не се увери дека Зеленски е посветен на мировните преговори.

На оваа вест, полскиот премиер Доналд Туск потврди дека воениот аеродром во Жежов, главниот центар за испораки на оружје и хуманитарна помош во Украина, престанал да функционира во полн обем.

Continue Reading

Европа

Макрон со смел план – нуклеарниот чадор може да се прошири низ Европа!

Published

on

Париз е отворен за разговори за проширување на нуклеарниот чадор на Франција со своите европски партнери, рече претседателот Емануел Макрон во обраќањето до нацијата во средата вечерта, во кое предупреди дека Русија е „закана за цела Европа“.

Истакнувајќи ја „единствената улога“ на Франција во Европа благодарение на нејзината способност за нуклеарно одвраќање, Макрон рече дека е отворен да разговара за проширување на таа заштита на европските сојузници.

Во својот телевизиски говор, Макрон, исто така, истакна дека Франција ќе мора да почне да троши повеќе за одбраната и најави продолжување на помошта за Украина.

Тој, исто така, најави доаѓање на „нова ера“ поради промената на меѓународниот поредок, бидејќи САД имаат нова администрација.

„Знам дека со право сте загрижени за актуелните настани кои го нарушуваат светскиот поредок“, рече Макрон во својот говор.

„Русија стана закана за Франција и Европа“, тврдеше Макрон, додавајќи дека „да се гледа и да не се прави ништо би било лудост“.

Европските земји се обидуваат да ги зголемат трошоците за одбрана и да ја задржат поддршката за Украина, откако претседателот Доналд Трамп ја замрзна американската воена помош за Киев и покрена сомнеж за посветеноста на Вашингтон кон своите европски сојузници во НАТО.

Макрон најави и дека следната седмица планира меѓународен состанок за можното распоредување мировни трупи во Украина.

„За да се осигураме дека Русија нема повторно да ја нападне Украина по мировниот договор, мора да се подготвиме за тоа. Следната седмица ќе ги собереме во Париз началниците на генералштабовите на земјите кои сакаат да ги исполнат своите обврски во овој поглед“, рече Макрон.

Макрон рече и дека Франција, заедно со Украина и другите европски земји, подготвиле „цврст и траен план за мир“ и дека штом ќе се постигне мир, ќе може да се распоредат европски мировни сили за да го обезбедат, на што остро предупредува Москва.

Додаде дека неговата нација мора да биде подготвена ако САД повеќе не се со неа.

„Сакам да верувам дека САД ќе останат на наша страна, но мора да бидеме подготвени ако тоа не е случај“, рече Макрон, ден пред клучниот самит на Европската унија за Украина и европската безбедност.

Continue Reading

Европа

Судбината на помошта за Украина во неизвесност – сè зависи од довербата!

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за продолжување на воената помош за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата, изјави во средата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.

Трамп во понеделникот ја прекина помошта за Украина, а во вторникот рече дека добил писмо од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое изразува подготвеност да седне на преговарачката маса.

Валц рече дека писмото е „добар, позитивен прв чекор“. Официјалните лица разговараа за датумот, локацијата и преговарачките тимови кои треба да доведат до крај на војната, додаде тој.

„Веќе преземаме чекори за повторно да ја изградиме довербата што ќе им ја пренесеме на Русите и ќе ја тестираме нивната страна“, рече Валц во интервју за телевизијата Fox.

Не прецизираше за какви чекори станува збор.

„Треба да се погрижиме двете страни искрено да сакаат да преговараат прво за делумен, а потоа за постојан мир“, нагласи Волц.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк