Connect with us

Инфо +

Доаѓа голем празник: Ако не сте дома, цела година ова ќе ви се случува

Published

on

Православната црква следната недела го слави Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден. Ова празник кој има фиксен датум, секогаш паѓа на 8 ноември.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј е роден во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По заминувањето на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.

Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го загуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Балкан

Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

Published

on

Девет месеци по формирањето на српската влада и три месеци по уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица и предизвика бран протести и студентски блокади, српскиот премиерот Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.

Со оставката на премиерот завршува и мандатот на целата влада.

Вучевиќ рече дека поднесува оставка по нападот врз студентите во Нови Сад и дека имал долг разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој, додаде, има разбирање за неговите аргументи.

Вучевиќ го осуди нападот врз студентите при што девојка е тешко повредена.

Тој додаде дека е уверен дека полицијата брзо ќе го реши случајот и ќе ги фати напаѓачите.

Воедно најави и дека оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

„Сметаме дека објективно сме одговорни за она што се случи и затоа поднесуваме оставка“, рече Вучевиќ.

Тој беше назначен за премиер по парламентарните избори во декември 2023 година.

Во Нови Сад, родниот град на Вучевиќ, чиј градоначалник беше тој, се случи голема трагедија на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница на железничка станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Трагедијата предизвика протести низ целата земја кои деновиве станаа масовни.

Студентите повеќе од два месеци ги блокираат факултетите во Србија, барајќи одговорност за смртта на 15 лица, а институциите да почнат да работат според законот.

Само еден ден претходно, Вучевиќ беше на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, кога ги покани студентите и професорите на дискусија за излез од актуелната криза во земјата.

На истата конференција Вучиќ најави голема реконструкција на владата, велејќи дека очекува „да бидат сменети повеќе од 50 проценти од министрите“.

Српскиот парламент требаше да расправа за гласање доверба на владата во среда, на 29 јануари, на претходно барање на опозицијата.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски му порача на Касами: Имиња на улици во Тетово нема да се менуваат без консензус

Published

on

По реакцијата на тетовскиот сојуз на борци, на СДСМ, Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, владејачката партија Беса, од која доаѓа тетовскиот градоначалник Билал Касами, ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство во Советот на Општината.

Владејачката Беса ретерира дека ќе ги менува имињата на тетовските улици без консензус и Бадентерово мнозинство, откако борците од НОБ и македонскиот политички блок реагираа дека нема да дозволат улици да се именуваат по поранешни припадници на ОНА и на балисти. Претседателот на Комисијата за промена на имињата на улиците при Општина Тетово, Арѓенд Велиу, за „Слободен печат“ вели дека без консензус ќе нема промена на имиња на улици и дека не е точно дека веќе има изготвено список со нови имиња.

Од Владата му порачаа на тетовскиот градоначалник и владин партнер Билал Касами дека предлогот нема да му помине. Опозициските СДСМ и Левица, како и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се децидни дека без Бадентерово мнозинство нема да се именува и да се преименува ниту една улица во Тетово.

Целиот текст на slobodenpecat.mk

Continue Reading

Инфо +

Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска

Published

on

За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти.

Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските слависти и македонисти, со интересот на полските студенти за изучување на македонскиот јазик, како и со нивните активности, проекти и заложби за промоција на македонскиот јазик во Полска.

Македонистите вклучени во Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, говореа за културната и образовната размена меѓу двете земји, како и за македонско-полското пријателство. Воедно, тие укажаа на потребата од поголема државна поддршка во финансирањето на преводи и научни трудови од македонски на полски јазик и обратно.

Претседателката Сиљановска-Давкова го поздрави нивниот долгогодишен образовен ангажман во негувањето и промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура и изрази благодарност за посветеноста на полските македонисти во афирмацијата на македонската реч и мисла во меѓународната академска средина. Таа вети дека ќе се заложи за интензивирање на научната соработка, со што се релативизира далечината меѓу двете земји.

Соговорниците изразија особено задоволство што, покрај на Јагелонскиот универзитет каде Лекторатот по македонски јазик е отворен уште во академската 1974/75 година, македонскиот јазик се изучува и во други образовни институции во Полска. Имено, Лекторат по македонски јазик активно функционира и на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломски до докторски. Македонскиот јазик како главен предмет се изучува и на Катедрата за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкјевич“ во Познањ, а како втор предмет е воведен и на Универзитетот во Ополе.

Воедно, претседателката го посети и музејот на Јагелонскиот универзитет „Collegium Maius“ – најстарата зграда на Универзитетот, која датира од 14 век и континуирано се користи повеќе од 600 години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк