Каде згрешив? : Mајката на Кујтим Фејзула од талентиран фудбалер стана чудовиште

Австрискиот дневен весник Хеуте објави нови детали за животот на 20-годишникот Кујтим Фејзулаи, кој ја зави Виена во црно.

Тој од станот на неговите родители во Лиесинг се преселил во негов стан на 1 мај 2020 година. А, од неговите соседи никогаш немало поплаки против него.

Сега во зградата каде што живеел можат да се забележат само траги од уништување на скалите на старата зграда, како и заменетите алуминиумски врати кои сведочат за крајно драматична полициска акција кога австриските специјалци ја разнеле влезната врата и извршиле претрес во станот.

Соседите сè уште се опоравуваат од преживеаниот шок.

Околу 1.20 часот наутро се разбудивме со насилна интервенција. Сите светла во нашата зграда беа истовремено вклучени – изјавил еден од нив за Хеуте.

Никој од нив не сака да верува дека некој фанатик на ИД живеел меѓу нив.

Кујтим Фејзулаи, кој е роден во Австрија, израснал во Медлинг каде како помал бил талентиран фудбалер. Учел во средното техничко училиште Отакринг кое подоцна го напуштил.

Пред само пет години Фејзулај бил фудбалер кој покажувал голем потенцијал на фудбалскиот терен. Играл за виенски клуб и бил омилен во него. Никому не му е јасно како едно мирно момче и талентиран спортист станал крволочен убиец и терорист.

Наместо да се школува, тој избрал да го следи патот на радикални проповедници. Во септември 2018 година, Кујтим полетал од аеродромот во Виена до Истанбул и понатаму кон Хатај. Но, синот на градинар и домаќинка не пристигнал во Сирија. Тинејџерот е уапсен и вратен во Австрија.

Мајката очајно го осудува својот син. Адвокатот Николаус Раст за Хеуте се присетува на деталите: Никогаш не би застапувал религиозен фанатик. Го прифатив само за неговата мајка, потполно западна жена, која седна плачејќи со мене и ме праша: Каде згрешив?, вели Раст.