Connect with us

Инфо +

Зошто на сите ни е потребна барем една Девица во животот?

Девиците се посебни личности. Тие се посветени партнери, добри пријатели и одлични колеги.

Зошто на сите ни се потребни Девиците во нашиот живот?

Тие веруваат во нас

Тие веруваат во нас и тогаш кога не веруваме самите. Ако тие ви кажат дека веруваат во вас, не е поради тоа што сакаат да бидат фини, туку бидејќи навистина веруваат во нас. 

Имаат големо срце

Имаат големо топло срце и секогаш се грижливи за своите блиски. 

Обрнуваат внимание на малите детали

Често се вели дека тие се перфекционисти кои обрнуваат внимание на малите детали. Природно аналитични се и имаат навика да забележуваат сè – дури и најмалите нешта кои другите не ги гледаат. Тие знаат дека малите работи се важни.

Ќе ви ја кажат вистината и тогаш кога не сакате да го слушнете тоа

Сепак, ќе бидат многу внимателни и дипломатични и никогаш нема да бидат груби кон вас. Освен тоа, ќе ви го дадат и најискрениот совет, бидејќи се директни и отворени.

Имаат моќ да ги инспирираат другите

Не форсираат ништо, но едноставно имаат енергија со која ќе ве инспирираат да бидете подобри. Ќе се грижат за вас и  покрај нив ќе се чувствувате како вистински да можете да постигнете многу.

Не се посесивни и љубоморни

Не се љубоморни и посесивни и често ја поттикнуваат независноста која својот партнер, па и пријатели. Тие имаат свој живот и свои навики и хобија и би сакале и вие да го почитувате тоа кај нив. 

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг