Connect with us

Инфо +

Револтиран угостител до Филипче: 15 години сум дел од ова не може да седам на страна без кажан збор!

Како некој кој 15 години е дел од угостителството неможе да седам на страна и да посматрам без кажан збор.

  • Со години угостителите работат непријавени, прекувремено (неплатено), ноќна смена (неплатена) и злоупотребени од газдите, притоа немајќи начин да реагираат на надлежните институции. Освен со искључок на централните градски подрачја и само во поразвиените градови, нигде на друго место не се почитувал законот кон работниците.
  • Секој викенд или празник угостителот е на работа за да ги задоволи твојте желби за добар провод.
  • Ве гледаме како се заљубувате, како стварате семејства, ви ги гледаме децата, ве запознаваме на начин на кој што ни самите не се познавате, знаеме какво кафе пиете, со шеќер, долго, до пола, 70ка, матено во таа чашата…кога сакате, како сакате, ви ги знаеме навиките, маните и предностите.
  • Некој од нас сакаме да го работиме ова, некој е приморан, некој само случајно се нашол тука во оваа бранша, но како и да е секојдневно ги ставаме на страна нашите потреби и се грижиме за вашите.
  • Ја разбирам потребата да се најде виновник за целава ситуација, но тоа не сме ние, никогаш не ни бевме. Сме работеле со главоболки, болки во нозете, тромбови, тумори, температури, кашлици, смртни случаи, на ден на родендени на најблиските, на денот на раѓање на наши деца, на среќа и несреќа.
  • Епа сега драги мој мили нас затворете не скроз не од 21 часот, скроз. За да го прогласиме угостителството за умрено и да завршиме со ова за секогаш. И не затоа што неможеме да издржиме 1 месец без пари и работа и леб и струја и немаме пари за кредити, кирии. Затоа што за нас преку 70 000 со букви седумдесет иљади ви е гајле како ќе се снајдеме. Затоа што ви е гајле како ќе преживееме, затоа треба да престанеме да работиме и никогаш повеќе да не слушнете ЗДРАВО, ПОВЕЛИ….Се Гледаме у Некоа Прилика

Advertisement

Свет

Лекарите во Англија стапија во петдневен штрајк

Лекарите во Англија денес започнаа петдневен штрајк поради несогласувања околу платите и условите за работа, јавува Ројтерс.

Станува збор за помладите болнички лекари, познати како „жители“, кои тврдат дека нивните плати во последните години значително се намалиле и дека работат под зголемен притисок и во тешки услови.

Владата, од своја страна, соопшти дека нема фискален простор за значителни покачувања на платите и дека штрајковите се неодговорни, нагласувајќи ја потребата за заштита на здравствениот систем и пациентите.

Continue Reading

Свет

Вашингтон најавува нов притисок врз Москва преку енергетски санкции

САД подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати можен мировен договор со Украина, објавуваат странски медиуми повикувајќи се на информирани извори.

Според истите извори, меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирање на бродовите од руската флота на нафтени танкери, како и санкционирање на трговците и посредниците кои учествуваат во олеснување на трансакциите поврзани со извозот на руска нафта.

Изворите наведуваат дека станува збор за опции кои сè уште се во фаза на разгледување, а конечната одлука ќе зависи од развојот на дипломатските напори поврзани со војната во Украина.

Според најавите, новите санкции би можеле да бидат објавени уште во текот на оваа недела.

Continue Reading

Свет

Мелони: Европа губи време поради внатрешна слабост и бавни одлуки

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, предупредувајќи дека најголемата закана за Унијата не доаѓа однадвор, туку од нејзината сопствена неодлучност и неспособност навреме да носи клучни одлуки.

Говорејќи пред пратениците во Долниот дом на италијанскиот парламент, Мелони нагласи дека актуелниот геополитички момент бара прагматичен пристап, ослободен од идеолошки догматизам. Според неа, токму таквиот пристап е неопходен за соодветен одговор на новата безбедносна стратегија на Соединетите Американски Држави.

„Бесмислено и штетно е да се напаѓаат имагинарни непријатели. Вистинскиот проблем е нашата неспособност да изнаоѓаме конкретни и одржливи решенија“, истакна Мелони во пресрет на претстојниот Самит на ЕУ.

Премиерката се осврна и на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека станува збор за сложен процес кој мора да биде заснован на цврста и правно издржлива основа. Таа ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но додаде дека Москва поставува, како што рече, „неразумни“ услови во рамките на мировните напори поддржани од САД.

Мелони упати критики и до предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија. Таа посочи дека документот предвидува зголемени финансиски придонеси, но намалени средства за политики кои се од клучно значење за земјата, како заедничката земјоделска и кохезиската политика.

„Нема да прифатиме да плаќаме повеќе, а да добиваме помалку“, порача италијанската премиерка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг