Connect with us

Инфо +

Секогаш те предава оној кому најмногу му веруваш, оној најблискиот

Published

on

Дечкото од лева страна го чувал бикот од неговото раѓање. Години и години се грижел за него, а потоа го продал на матадорската арена.
Бикот тој ден ја имал својата прва корида. Матадорите на почетокот го плашеле, како би ја “забавувале” публиката, а потоа почнале да го бодат со мечевите.
Бегал по арената, меѓутоа, преплашен и исцрпен, полн со повреди, здогледал во публиката познато лице,својот сопственик, човекот кој го одгледал.
Притрчал кон него преплашен и полн со надеж за заштита и почнал да го бакнува. Дечкото возвратил на бакнежот, и отишол чекор поназад. Тоа е се што човекот сторил.

Матадорите му пришле позади грб и го убиле ова прекрасно суштество, кое и понатаму гледало со надеж во човекот кој го издал.
Фотографијата е наречена “БАКНЕЖОТ НА ЈУДА”

Секогаш те предава оној кому најмногу му веруваш, оној најблискиот.

Македонија

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Published

on

Денеска, 27 ноември, се навршува една година од свирепото убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Во тек е судскиот процес, кој треба да даде одговори на клучното прашање зошто девојчето беше убиено, и кој се’ стои зад злосторството кое ја вознемири јавноста.

Првообвинет за убиство и грабнувањето е Љупчо Палевски Палчо, а на обвинителската клупа седат и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видоевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.

Според обвинението, Вања беше киднапирана на 27 ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда, а потоа убиена.

Во обвинението се наведува дека на 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен.

Обвинителите пред два дена соопштија дека имаат материјални докази оти Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски.

На рочиштето завчера, обвинетиот Влатко Кешишев го повлече својот писмен исказ доставен минатата недела. Според неговите тврдења, тој бил принуден од првообвинетиот Љупчо Палевски да ја напише изјавата.

Continue Reading

Македонија

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Published

on

Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.
Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен

Continue Reading

Македонија

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Published

on

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, подршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

Тој истакна дека од владината подршка од 100 милиони евра,  голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.

“Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.

Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти” истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк