Филипче: Славите и празниците да ги прославиме само со најблиските

Со оглед на тоа што вториот бран на коронавирусот и натаму е прилично активен во Македонија, Филипче ги повика граѓаните на максимална одговорност со целд а се спречи ширењето на вирусот.

Според првиот човек на македонското здравство, следните неколку месеци се најинтензивни во ширењето на коронавирусот.

„Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас“, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

До вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 38,782 заразени, а како последица на коронавирусот досега починаа 1,110 лица.