Од јануари до денес кошничката поскапела за 1000 денари

Од јануари до денес, според Сојузот на Синдикатите на Македонија, минималната потрошувачка кошничка поскапела за 1000 денари, додека просечната плата останала речиси иста.  Минималната кошничка во октомври чинела 33.704 денари, во јануари за истите стоки и услуги домаќинствата плаќале 32.791 денар.

Во кошничката, исхраната и пијалаците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари.