Се собираат пари за преживување на татко на две дечиња заболен од Ковид19

Членови на фамилија на заболен од Ковид19 во Клиниката Жан Митрев бараат донации од граѓаните на социјалните мрежи за да ја платат сметката од 14 илјади евра.

Тврдат дека ако не се соберат парите таткото на две дечиња ќе почине.

Предходно пациенти кои бараа донации за приватно лекување починаа откако нивните семејства не успеаа да ги соберат потребните средства.

Граѓаните на социјалните мрежи се гневни на одлуката во земјава да се лекуваат бесплатно граѓани на Србија, Албанија, Косово и Црна Гора додека за македонските граѓани нема соодветна здравствена заштита.