Од ковид-19 почина лекар од Куманово

Четириесет и деветгодишниот лекар Шукри Фазлији од Куманово ја изгуби битката со новиот коронавирус, пренесува Алсат.

Станува збор за специјалист интернист, кој три дена се лекувал на Инфективната клиника во Скопје и бил со тешка клиничка слика.

Тој зад себе остави ќерка и два сина.

Oд почетокот на епидемијата регистрирани се 43 835 случаи на ковид, бројката на оздравени пациенти е 25 782, на починати е 1 238, а бројот на активни случаи изнесува 16 815.