Пандев: Уште не сме свесни што направивме

Круна на неверојатната кариера на Горан Пандев е пласманот на Европското првенство кој синоќа го обезбедија тој и неговите соиграчи од репрезентацијата.

„Сонот ни се оствари сите заедно да се радуваме и да настапуваме на Европското првенство. Поминавме долг пат да стигнеме до ова Европско првенство, дечките го заслужија ова. Уште не сме свесни што направивме, во следните денови ќе знаеме дека сме на Европско првенство“, вели Пандев.