Connect with us

Инфо +

Михаела до Филипче: „Вашето се е под контрола, УБИBA ЛУЃЕ“

Господине Венко Филипче, И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под контрола ,, коишто секојдневно кружат по социјалните мрежи. ДНО ДНА !!! Вчера ( 14.11.2020 ) во утринските часови, ни соопштија дека мајка ми починала. Да, жена на 41 годишна возраст, мајка на две деца и сопруга. Жена БЕЗ било какви претходни заболувања. На 6.11.2020 беше примена на Инфективната клиника во Штип, нема да навлегувам во детали за ТОЧНОСТА И ПРЕЦИЗНОСТА на Вашите тестови затоа што искрено, најмалку битно е во ситуацијава така да, нека биде позитивна на Covid19 и со потврдена билатерална пневмонија. На 6.11.2020 ( петок ) е приклучена на кислородна подршка повремено, следниот ден исто, се до вечерта. Од 7.11.2020 вечерта е на постојана кислородна подршка. Следните денови, недела, понеделник, вторник, среда, четврток – добиваме инфомација од самата неа дека ,, е добро, дека и кажале првите 6-7 дена е нормално сето тоа ,,. Чекаме. Во четвртокот вечерта последен пат ја слушаме во ,, добра состојба ,, ( 18:46 часот ). Под добра состојба и ,, нормално ,, подразбирам отежнато дишење на кислородна подршка. Следниот ден ( 13.11.2020 ) немаме НИКАКВА ИНФОМАЦИЈА за неа, се до 15 часот и 19 минути кога после МИЛИОН неуспешни обиди да ја добиеме на нејзиниот телефон, после МИЛИОН испишани пораки ми се јавува мене И СЕ ОБИДУВА да ми каже дека не е добро, дека може ќе треба да ја пренесат во Скопје. Да, се обидува затоа што зборовите скоро и да не можеше да ги изговори. Измачена, преплашена, изморена. – ,, Мамо, јас тебе не можам ништо да те разберам, добра ли си? “- ,, Многу сум изморена Михаела. “- ,, Добро мамо не плаши се, само одмори, ќе направиме се што можеме, ќе бидеш во ред ,,- ,, Добро. “Толку. Последниот збор слушнат од мајка ми. Во следните неколку часа што нам ни изгледаа како вечност се имам обидено да ги добијам на клиниката минимум 100 пати само за да добијам некоја информација за мајка ми.

Со доктор се слушнав само еднаш тој ден за да ми каже дека мајка ми не е добро, дека нејзината сатурација е прениска, дека во секој момент може и да се подобри и да се влоши. ,, Јави се подоцна пак “. Се јавив уште МАЛ МИЛИОН ПАТИ од кои до одговор ме удостоија САМО 2 ПАТИ и едниот одговор беше ,, Почекај ќе разговараш со докторката, само да провериме, јави се пак ,,. Ова ,, јави се пак ,, подоцна сфатив дека им значи ,, можеби ќе ти се јавиме, можеби не ,,. И другиот одговор беше ,, Те молам, може ли да се јавиш подоцна ,,. Може. Секако. Животот на пациентите во кои е и мајка ми и кој знае уште колку мајки, татковци, баби, дедовци е многу поважен од мојата потреба за информација. Само нека биде добро. Ја продолживме вечерта со уште МАЛ МИЛИОН неуспешни обиди да добиеме некој за информација за пред 12 часот на полноќ да бидат исклучени сите линии за инфомации. Само ние знаеме како го дочекавме утрото и уште некои кои биле во наша ситуација. Во периодот од 7:00 – 8:00 на 14.11.2020 по повторно МАЛ МИЛИОН обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, Во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде ,,. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва. Се помиривме со сето ова. Судбина.

Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа МОИ зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам ЈАС сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини НЕУПЕШНИ ОБИДИ да го добие дежурниот медицински персонал НА ИСТИОТ БРОЈ НА КОЈ СЕ ЈАВУВААТ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА ДА ДОБИЈАТ ИНФОМАЦИЈА ЗА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ. Во прилог ќе Ви ги ставам СИТЕ повици во кои мајка ми се обидела да ДОБИЕ ПОМОШ, ДА ДОБИЕ КИСЛОРОД ЗА ДА ДИШЕ. Првите обиди се во среда ( 11.11.2020 ) од 2:45 – 2:59 КОГА СИГУРНО И БИЛ ПОТРЕБЕН КИСЛОРОД ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ, но секако, никој не ја удостоил со одговор, а се прашувам КОЈ мислат дека би вртел на тој број ако нема потреба, посебно не 4 пати во текот на 15 минути? НИКОЈ, а посебно не ПАЦИЕНТ кој дише со кислородна подршка. Истата вечер уште два обиди во 3:24 и 3:51. Колку вродиле со резултат можеме само да претпоставуваме. И еве сме кај клучната ноќ. После нашиот последен ,, нормален ,, разговор на 12.11.2020 во 18:46 часот МАЈКА МИ СЕ ОБИДУВАЛА ДА ДОБИЕ ПОМОШ КАЈ ИСТИТЕ ТИЕ СЕСТРИ И ДОКТОРИ СО 10 ПОВИЦИ СЕКАКО НЕУСПЕШНИ ОД 20:23 – 20:29. Да, 10 неупешни повици за да добие можност да дише. И не само тоа. Овде се и ДВЕ МОЛБИ ЗА ШАНСА ЗА ЖИВОТ СО ДВЕ ПОРАКИ од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” што била испратена како брза автоматска порака после неуспешен обид да ги добие преку повик и уште една порака ,, Боца кислород треба горе во четворката ,, – порака испратена со којзнае колку МАКА И НЕМОЌНОСТ.

И после ова господине Венко Филипче, мене ми е совршено јасно зошто последните зборови на мајка ми беа дека е преморена. Јасно Ви е и Вам. Јасно ни е на сите. Мајка ми нема да ја вратиме НИКОГАШ ПОВЕЌЕ, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе НИКОГАШ НЕМА ДА МОЛИ ЗА ШАНСА ДА ВДИШЕ И ШАНСА ДА ЖИВЕЕ. Но, има други мајки, татковци, дедовци и баби кои ќе имаат потреба неуспешните обиди на мајка ми да се претворат во успешни. Ако ЈАС или некој друг обичен граѓанин е потребно да отиде утре во Вип и да купи телефон и број, истите да ги однесе на Инфективната клиника во Штип и да им каже ,, Еве, земете ги, овој број кажете им го на пациентите за да можат да Ве добијат во секој момент, за да не мора да чекаат шанса за живот на истиот број на кој цела држава чека информација за своите блиски. ,, Кажете ни. Ние ќе го направиме тоа затоа што очигледно Вашето ,, се е под контрола ,, убива луѓе. Ги убива душите и срцата на блиските на тие мајки кои неуспешно барале помош, тие татковци, дедовци и баби. * да не е се така црно, во овие 17 повици, мајка ми била удостоена со едно кревање на слушалката на 12.11.2020 во 13:09

Advertisement

Свет

Трагедија на Килиманџаро: Чешки туристи меѓу загинатите во пад на хеликоптер

Двајца туристи од Чешка, заедно со пилотот од Зимбабве и двајца локални жители – водич и лекар од Танзанија – загинаа во пад на хеликоптер во близина на кампот Барафу на планината Килиманџаро. Инцидентот се случил вчера, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија.

Според локалните медиуми, хеликоптерот бил во мисија за медицинско спасување, а несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри. Планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, привлекува околу 50.000 туристи годишно.

Надлежните истражуваат што точно предизвикало пад на воздухопловот, додека семејствата на загинатите се известени за трагичниот настан.

Continue Reading

Свет

САД на удар на силна зима: Урагански ветрови и масовни снежни врнежи

Соединетите Американски Држави се соочуваат со една од најсилните зимски бури во последните години, која се очекува да ги погоди планинските региони на Калифорнија токму во екот на празничната сезона. Моќниот систем носи екстремни снежни врнежи и силни ветрови, создавајќи сериозни ризици за патувањата, инфраструктурата и снабдувањето со електрична енергија.

Според најавите, во делови од Сиера Невада снежната покривка може да достигне и до 2,5 метри, додека налетите на ветер ќе достигнуваат брзина од 60 до над 150 километри на час. На повисоките надморски височини се очекуваат услови слични на ураган, со целосно непроодни патишта и можни прекини на комуникациите.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за зимска бура за голем дел од централна и источна Калифорнија, вклучувајќи ги националните паркови Јосемити, Секвоја и Кингс Кањон, како и округот Моно. Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања, особено низ планинските премини и главните патни коридори.

Најсилното влијание од бурата се очекува во периодот од среда до петок, кога милиони Американци патуваат за празниците. Постојат сериозни стравувања од заглавени возачи, блокиран пристап за итни служби и долготрајни прекини на сообраќајот.

Прогнозите покажуваат дека снегот ќе се спушта и на пониски надморски височини, што дополнително го зголемува ризикот за области кои вообичаено не се соочуваат со вакви услови. Стапката на снежни врнежи во најинтензивната фаза може да достигне до 5 сантиметри на час, што ќе го отежни расчистувањето и ќе доведе до брзо затворање на патиштата.

Државните и локалните власти веќе активираа итни планови, со можни затворања на патишта, задолжителна употреба на синџири за возилата и ограничен пристап до националните паркови. Граѓаните се повикуваат да ги следат официјалните известувања и да се подготват за повеќедневни екстремни зимски услови.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг