Connect with us

Инфо +

Лидија од Охрид:„Ова другари не е вирус, ова е чудовиште, со сета своја сила те дроби, ти го зема здивот и ти ја убива психата“

До сите вас кои сеуште не верувате во вирусот, Охриѓани и останати, до сите вас кои безобразно го ширите вирусот знаејќи дека имате симптоми, пиете парацетамол и одите на работа, по маркети, по кафиња и по комшии.Седми ден се борам со Ковид 19.Во моиве 43 год.досега не сум се соочила со вакво нешто, а сум поминала доста. Но ова другари не е вирус, ова е чудовиште.Те легнува, те врзува за кревет и со сета своја сила те дроби, ти го зема здивот и ти ја убива психата.Не се лажете дека е обичен грип !!!

Се дури си дома пак се држиш некако.Е ама кога влегуваш на инфективно почнува вистинската слика за Ковид 19.До секој кревет боца со кислород, се борат луѓе за здив, сини во лицето, лежат во соба и татко и син, и мајка и ќерка, и снаа и свекрва, мајка која го изгубила синот од Ковид, и сама се бори за живот ( пусти живот нејзин ? ) .Персоналот наоружан до заби, скафандери маски визири и така 24 часа трчаат од кревет од кревет, се чудиш од каде им е силата.Во меѓувреме надвор стотина пациенти во текот на целиот ден чекаат ред за преглед, за брис.И те обзема бес !!!

Ти текнува на сите оние кои не веруваат во вирусот ама секојдневно фрлаат дрва и камења по Филипче и здравството.Другари ич не го сакајте Филипче и владата, сакајте се себе си и вашите блиски,заради вас самите почитувајте мерки.Не верувајте во глупости дека даваат пари за да кажеш дека си болен од Ковид.Нема пари кои можат да го платат стравот од смрт, стравот за децата и блиските , а болката и маката ?

Јавно упатувам апел до сите.Не криете дека сте болни, не седете дома со парацетамол.Не е грев да си болен,грев е да криеш, да заразуваш недолжни луѓе, хронично болни кои заради вас може и да умрат.Болничките капацитети се полни, и сами сме виновни бидејќи 8 месеци секој ден се укажуваше на тоа.Знаејќи ја силата на нашето здравство секој ден здравствените власти не молат да почитуваме мерки за да не колабира здравствениот систем.За ваков неодговорен народ и овој здравствен капацитет е многу.Секоја чест за здравствените работници.Господ да им дава сила за да издржат до крај.

Advertisement

Свет

ЕКСКЛУЗИВНО: 10 минутно видео од нападот на Бонди Бич во Сиднеј, Австралија

На социјалните мрежи се појави видео-снимка долга повеќе од 10 минути, за која се тврди дека прикажува моменти од сериозниот безбедносен инцидент што се случил на познатата плажа Бонди во Сиднеј, Австралија.

Снимката беше споделена од профил со верифициран статус, со навод дека станува збор за масовно пукање во близина на плажата. На видеото се гледаат вознемирени граѓани, полициско присуство и нарушена јавна безбедност во реонот.

Австралиските власти досега официјално потврдија дека имало сериозна безбедносна закана, но деталите за бројот на повредени или евентуални жртви сè уште не се целосно соопштени. Полицијата интервенирала на терен, а осомничените лица биле приведени.

Премиерот на Австралија изјави дека станува збор за „сериозен безбедносен инцидент“ и дека сите релевантни служби се мобилизирани. Истрагата е во тек, а јавноста е повикана да не шири непроверени информации.

Надлежните апелираат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални извори додека трае истрагата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Свет

Случаен минувач со храбра реакција спречи посериозна трагедија – инцидентот снимен на видео

Храбра и присебна реакција на случаен минувач спречила можни потешки последици при инцидент кој се случил на јавен простор, а целата ситуација е забележана на видео што брзо се прошири на социјалните мрежи.

Според достапните информации, минувачот интервенирал во момент кога едно лице било во опасност, реагирајќи без двоумење и со голема смелост. Благодарение на неговата навремена постапка, спречено е понатамошно ескалирање на ситуацијата и можно повредување.

Надлежните служби биле известени за настанот, а лицата инволвирани во инцидентот се под контрола на институциите. Засега не се пријавени потешки повреди.

Настанот предизвика бројни реакции во јавноста, при што корисниците на социјалните мрежи ја пофалија храброста и човечноста на минувачот, истакнувајќи дека ваквите постапки се редок, но вреден пример на солидарност и граѓанска одговорност.

ВИДЕО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Балкан

Потврден случај на лепра во Хрватска – заразен странски работник од Непал кој престојувал во Сплит

Во Хрватска е регистриран редок случај на лепра кај машко лице, информираат здравствените власти. Станува збор за странски работник од Непал, кој во изминатиот период работел и престојувал во Сплит.

Надлежните служби наведуваат дека пациентот е навремено дијагностициран и ставен под соодветен медицински надзор, а во моментов не претставува ризик за пошироката јавност. Според експертите, лепрата е заболување кое се лекува и има многу ниска стапка на пренос, особено при современи услови на здравствена заштита.

Хрватските здравствени институции спровеле епидемиолошка истрага со цел да се утврдат контактите на заразеното лице и да се преземат сите превентивни мерки. Засега нема информации за други заразени лица.

Од здравствениот систем порачуваат дека нема место за паника, бидејќи станува збор за исклучително редок случај, а системот е подготвен за навремена реакција и контрола на вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг