ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И УСЛОВИ ЗА ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ

Продор на постуден воздух од север ќе имаме уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Претежно во јужните предели ќе има повремен локален дожд, а на високите планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Поголемо заладување на времето и северен ветер, како и услови за слабо провејување на снег, особено на планините ќе имаме за време на викендот и тоа под влијание на значително постудена воздушна маса од север.

Состојбата околу студениот бран континуирано се следи и за секоја ново – настаната состојба навремено ќе бидете информирани.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука