Connect with us

Инфо +

За пола месец се издадени 60 000 рецепти “Сумамед”

За само 17 дена издадени рекордни 60.000 рецепти за „Сумамед“ и „Панцеф“

Доктор Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчера преку фејсбук излезе со критика за давањето на лекот сумамед на болните од ковид. „Со почетокот на КОВИД-19 пандемијата, Сумамед (азитромицин) стана најпопуларен антибиотик, кој во почетокот се сметаше за единствен спас. Во голем број на држави на сите позитивни (со ПЦР) се даваше овој антибиотик, за среќа повеќето здравствени системи се откажаа од оваа нелогична, непотребна и штетна терапија. Притоа се заборавија основните начела од медицината базирана на докази во употребата на еден антибиотик. Прво, КОВИД-19 е вирусно заболување, антибиотиците (кои се наменети исклучиво за лекување на бактериски инфекции) немаат никаквоо дејство на вирусите. Вториот нарушен принцип е многу важен, давање на антибиотик за време на вирусна инфекција е ШТЕТНО, поради супримирање на нормалната флора во горнореспираторен тракт. Теориите дека се дава Сумамед на вирусна инфекција за секој случај (не делува ама нема штета) се опасни. За шест дена колку што ка нас до сега се дава азитромицин (плус 68 часа дејство по прекинот на терапијата) ќе ги супримира бактериите, а азитромицинот делува на многу бактерии, така да евентуалната пневмонија која би настанала по прележување на вирусна инфекција, (општо познато и прифатено во науката е појавата на секундарни бактериски компликации, меѓу кои и бактериска пневмонија) ќе биде од бактерија која била резистентна, односно давањето на аитромицинот (за жал кај нас уште плус се додава и Панцеф, а неретко и трет антибиотик) немало никакво дејство на ова бактерија. Значи, пнавмонијата која ќе се развие после било која вирусна инфекција, а истата вирусна инфекција била лекувана со антибиотик, ќе биде од бактерија на која даваниот антибиотик воопшто не делувал. Матичните лекари треба да сфатат дека лично одговараат за секоја постапка и секој даден лек. Теориите дека некој од горе рекол да се дава Сумамед (и плус уште некој антибиотик) ќе ги доведе нивните пациенти во голема опасност, а тие како лекари нема да можат никако да се оправдаат зошто давале антибиотик на вирусна инфекција.. Уште поголема грешка е откако еден ваков пациент лекуван со азитромицин и панцеф, развие пневмонија, (која со сите параметри во крвта е бактериска), да се продолжи лекување со азитромицин и третогенерациски цефалоспорин. Давањето на Сумамед како анти инфламаторен лек кој ќе ги намали цитокините, пред се тумор некроси фактор алфа, кај пациенти со КОВИД-19 е неоправдано, затоа што досега во овие 8 месеци науката потврди дека нема цитокинска бура кај КOВИД-19, односно и ако се јави цитокинскка бура кај мал број пациенти, тоа е само кај ти што направиле сериозна бактериска компликација“, пишува проф др Вело Марковски.

Advertisement

Балкан

ВИДЕО: Градоначалникот на Лерин запре македонска песна

Градоначалникот го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“ грмна од бината
Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик.
Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.


Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.


„Музиката нема граници“
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.


„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.


Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.


„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.


Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население.


Видеото го обиколува регионот
Иронијата на забраната е што таа постигна спротивен ефект. Наместо да се замолчи песната, видеото од прекинувањето на „Софка на татко“ стана вирално. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ваквите потези се во целосна спротивност со европските вредности за кои Грција декларативно се залага.


Додека официјална Атина и Скопје зборуваат за дипломатија, на теренот во Лерин, музиката сè уште се дели на „дозволена“ и „забранета“, во зависност од јазикот на кој се пее.

Видеото може да погледнете тука

Continue Reading

Свет

Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина пред Божиќ

Повеќе од 600 беспилотни летала и околу 30 проектили ја погодија украинската престолнина Киев и енергетската инфраструктура низ земјата, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и дете. Станува збор за еден од најмасовните руски напади во последните месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападите извршени непосредно пред Божиќ јасно покажуваат кои се приоритетите на Москва. Тој предупреди дека Русија подготвува нов бран удари по празниците, оценувајќи дека таквото однесување е „нормално за Русија“. Според него, ситуацијата дополнително се усложнува поради недостигот од системи за воздушна одбрана.

Воздушната тревога била активна во речиси цела Украина, а Министерството за енергетика воведе вонредни рестрикции во неколку региони. Во Киев, делови од градот останале без електрична енергија поради погодената инфраструктура.

Полска соопшти дека подигнала борбени авиони за заштита на својот воздушен простор, поради зголемените безбедносни ризици во регионот.

Украина Божиќ го слави на 25 декември според новиот календар, иако дел од населението сè уште го одбележува празникот и на 7 јануари, како и во Русија.

Во вечерното обраќање, Зеленски најави враќање на украинската делегација од Мајами, каде што се одржале мировни разговори со американскиот специјален претставник Стив Виткоф. Разговорите ги оцени како конструктивни, но без конкретен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили извршиле напад врз голема нафтена постројка во Ставропол, управувана од рускиот енергетски гигант Лукоил.

Continue Reading

Свет

Зеленски предупредува: Русија подготвува масивни напади по Божик

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека Русија би можела да започне интензивни напади за време на Божиќ. Во обраќање пред дипломатите во Киев, тој оцени дека е „сосема нормално“ Кремљ да се обиде да изврши масивни напади токму за празникот, нагласувајќи дека Украина се соочува со тешка ситуација поради недостиг на системи за воздушна одбрана.

Иако Украина официјално го слави Божиќ на 25 декември, многу граѓани го почитуваат православниот календар и го слават празникот на 7 јануари, исто како и во Русија.

Зеленски исто така објави дека украинската делегација, која учествуваше на преговори во Мајами со американскиот специјален претставник Стив Виткоф, се очекува денеска да се врати во Украина. Виткоф оцени дека разговорите со украинската и руската делегација биле „конструктивни“, без да навлезе во детали за постигнати договори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг