Шилегов успеа да им ги крене платите на пожарникарите – „Ќе ја подобриме и опремата“

Градоначалникот Петре Шилегов обелодени дека е постигнат договор со кој преку измени на правилникот за плати, основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди.

– Најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесувањето на законот.

– Ја подобруваме опремата која што ја имаат пожарникарите, ги подобруваме техничките ресурси, скалата очекуваме наскоро да дојде, за да ја олесниме и така тешката работа која ја работат овие луѓе. Задоволство ми е што успеавме сите инволвирани страни – Градот Скопје, синдикатите, Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и Кабинетот на премиерот, да изнајдеме решение кое ќе гарантира соодветен надоместок за трудот и ангажманите до донесувањето на законското решение – нагласи Шилегов.