Connect with us

Инфо +

Ма какви 250 евра, девојките „работат“ за 50 евра на час – ова е вистината за ескорт дамите!

Published

on

Откако во јавноста излезе приказната за кои пари и на кои начин работата ескорт дамите, меѓу нив настанала паника, поради што се плашат полицијата да не гу уапси.

Една девојка која се занимава со оваа работа пред Нова година не сакала да зборува по телефон со непозната личност за проституцијата, но сега ситуацијата се променила и одлучила се да раскаже во јавноста.

– Девојките се јавуваат по телефон на старите клиенти. Стравуваат од полицијата. Се плашат да не ги уапсат, раскажува оваа ескорт дама

Таа открива за која цена „работата“ овие девојки

– Цените кои ги наведуваме по огласите, 100 или 200 евра на час се бајка. Така себе си ја дигаме цената, но во реалноста девојките одат и за 50 евра на час. Ако мислат дека ќе заработат за гламурозен живот, од тоа нема ништо. Од проституцијата можеме само да ги платиме сметките и ништо повеќе.

Исто така таа открива дека девојките кои се на огласите не се тие реалните и нормално не се толку убави.

Балкан

Мелник и Рожен ја одбележаа 110-годишнината од убиството на Јане Сандански

Published

on

Во Мелник и Рожен, на 27 април 2025 година, беше свечено одбележана 110-годишнината од убиството на Јане Сандански, големиот македонски револуционер познат како „царот на Пиринот“. Настанот беше организиран од повеќе македонски организации, меѓу кои ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија и Македонското меѓународно движење за човекови права.

И покрај заплашувачката кампања која се водеше преку бугарските социјални мрежи и медиуми, како и проблемите на границата со забраната за влез на Тихомир Стојановски, на соборот се собраа многу Македонци од Пиринска Македонија, Република Македонија, Егејска Македонија, Бугарија и дијаспората. Присуствуваа бројни делегации, меѓу кои претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ИНТЕГРА, Друштвото на Македонците од Егејска Македонија и македонската амбасада.

Панихида на гробот на Сандански одржа отец Никодим Царкњас, а со поздравен говор настапи претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев. Соборот го отвори ко-претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, кој порача дека како и Јане некогаш, така и денес македонското малцинство во Бугарија се спротивставува на шовинизмот и негирањето на македонскиот идентитет.

Настанот беше збогатен со настапи на ансамблите „Јане Сандански“ од Ново Село и „Пирински Глас“ од Разлог, како и настапи на Круме Спасовски, Василија Петрова и оркестарот на Панчо Иванов. Се пееја македонски песни, се играа македонски ора и се вееја македонски знамиња.

Организаторите упатија благодарност до сите кои ја дадоа својата поддршка со пораката дека следната година ќе бидат уште побројни.

Continue Reading

Балкан

Величествена прослава на Велигден во Мала Преспа – Село Шулин

Published

on

Со голема радост и достоинство, жителите на Мала Преспа, село Шулин, го прославија најголемиот христијански празник – Велигден. Во дворот на црквата Св. Ѓорѓија се одржа торжествена прослава која беше овековечена со дронска снимка, прикажувајќи ја величествената атмосфера.

Настанот беше збогатен со традиционални македонски ора и песни, носејќи го духот на вековната култура и вера. Многубројните верници и гости со заедничка радост го честитаа празникот, испраќајќи желби за мир, здравје и благосостојба.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Балкан

Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански

Published

on

Под силно полициско обезебдување во Мелник се одбележаа 110 години од убиството на Царот на Пиринот Јане Сандански. 

На семакедонски традиционален собир во негов спомен присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Сајковски, Ковачки и Мицевски, кои на фејсбук објавија:

„Македонски национален херој, војвода и водич на Македонската револуционерна организација, кој до крајот на својот живот останал да се бори за самостојна Македонска држава“. 

Но, не секој што сакал да присуствува на собирот, успеал да помине граница. Професорот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Тихомир Стојановски тргнал за Мелник, ама стигнал само до граница. Тврди дека Бугарите му забраниле влез со објаснување дека претставувал закана за безбедноста на државата. 

Им порача на бугарските политичари да ги признаат Македонците.

Инаку, бугарските медиуми изминатите денови пишуваа дека на Фејсбук се шири масовна кампања за присуство на Македонц во Мелник. НОВА.БГ сподели дека се очекувало во Мелник за чествувањето на Јане Сандански да пристигнат неколку автобуси, со како што пишуваат, антибугарски настроени Македонци. 

„Тежок пристапот до соборот Мелник под блокада на бугарската полиција. Проверка од чувари на коли и на документи“, предупреди вчера и Атанас Кираков, претседател на градскиот комитет на Илинден во Благоевград. 

Но, сепак денешниот собир помина без провокации

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк