Connect with us

Инфо +

Прашање до Захариева: “На кој јазик е напишан букваров? А пред Тито, кој ги лажел моите баби и дедовци дека се Македонци?”

УШТЕ НЕКОЛКУ ПРАШАЊА ДО г-ѓа МИНИСТЕРКА ЕКАТЕРИНА ЗАХАРИЕВА на кои јас немам логичен одговор

На долниве слики е прикажан АБЕЦЕДАРОТ кој е издаден 1925 година во Атина, за да може да учат децата во Егејска Македонија кои зборувале јазик различен од грчкиот. (Славофони) според грчката терминологија или македонци, како што си се нарекувале.
Како основа за АБЕЦЕДАРОТ е земен леринскиот дијалект кој ми е одлично познат, бидејќи го зборуваа моите дедовци, баби, татко ми, мајка ми.

  1. На кој јазик е напишан абецедарот ???
  2. Ако во Лерин, Воден, Кукуш, Костур 1925 година живееле Бугари, зошто Грците би се мачеле да пишуваат нов буквар и латинска абецеда, кога 1925 година веќе имало имало готови испечатени бугарски буквари со кодифицирана азбука и јазик.

З. Зошто во Абецедарот буквите иако пишани на латиница се скоро исти како денешната македонска кирилица, а многу поразлични од бугарската кирилица ???

  1. Ако тамошното население зборува различен јазик од бугарскиот, КАКО СЕ ВИКА ТОЈ ЈАЗИК, бидејќи македонскиот нели го измисли Тито 1944 година, односно 20 години покасно од букварот.
  2. Ако населението во Вардарска Македонија, комунистите и Коминтерната го натераа да не се чуствуваат Бугари, зошто моите дедовци и баби кои никогаш не живеа во Југославија, туку во Грција, СССР, Канада, Австралија, САД, Германија, Шведска, дури и во Софија, секогаш велеа дека се македонци и зборуваат македонски. КОЈ НИВ ГИ ИЗЛАЖА ???
  3. Ако и покрај се и ние МАКЕДОНЦИТЕ од Егејска Македонија сепак сме Бугари, зошто не побарате од Вашите грчки сојузници во ЕУ, да ни ги вратат имотите, а на тие кои се уште живеат таму да им се признае правото на малцинство и училишта на мајчин јазик ????
  4. Зошто во текот на граѓанската војна во Грција не им помогнавте на моите баби и дедовци и сите борци на ДАГ, како на сонародници кои се бореа за Македонија.
  5. Зошто најголем дел од децата бегалци од Егејска Македонија, иако беа раселени низ Полска, Чехословакија, Романија, Унгарија, СССР, решија да се вратат во Република Македонија, а не во мајка Б’лгарија.

Се надевам дека на овие едноставни прашања, кои мене ме мачат, заедно со Вашите ЦЕНЕТИ историчари и академии, ќе се удостоите да ми одговорите.

Со должна почит

Нико Беќаровски

Advertisement

Свет

Украина сигнализира подготвеност за откажување од членството во НАТО

Украина е подготвена да размисли за откажување од членството во НАТО доколку тоа придонесе за постигнување траен мир и гаранции за безбедност, изјавија украински официјални претставници, пренесуваат меѓународни медиуми.

Според наводите, ваквиот став доаѓа во контекст на интензивирани дипломатски напори и разговори за можни решенија за прекин на конфликтот. Украинската страна нагласува дека безбедносните гаранции за државата остануваат клучен приоритет, без оглед на форматот во кој би се оствариле.

Од Киев порачуваат дека прашањето за НАТО никогаш не било цел само по себе, туку средство за обезбедување долгорочна стабилност и заштита на суверенитетот. Доколку тие цели можат да се постигнат преку друг меѓународен механизам, Украина е подготвена да ги разгледа сите опции.

Истовремено, украинските власти потенцираат дека секоја одлука од ваков карактер ќе биде донесена транспарентно и во согласност со волјата на граѓаните, како и со поддршка од меѓународните партнери.

Аналитичарите оценуваат дека ваквите изјави претставуваат значаен дипломатски сигнал, но нагласуваат дека конечниот исход ќе зависи од безбедносните гаранции што би ѝ биле понудени на Украина и од поширокиот геополитички контекст.

Continue Reading

Свет

ЕКСКЛУЗИВНО: 10 минутно видео од нападот на Бонди Бич во Сиднеј, Австралија

На социјалните мрежи се појави видео-снимка долга повеќе од 10 минути, за која се тврди дека прикажува моменти од сериозниот безбедносен инцидент што се случил на познатата плажа Бонди во Сиднеј, Австралија.

Снимката беше споделена од профил со верифициран статус, со навод дека станува збор за масовно пукање во близина на плажата. На видеото се гледаат вознемирени граѓани, полициско присуство и нарушена јавна безбедност во реонот.

Австралиските власти досега официјално потврдија дека имало сериозна безбедносна закана, но деталите за бројот на повредени или евентуални жртви сè уште не се целосно соопштени. Полицијата интервенирала на терен, а осомничените лица биле приведени.

Премиерот на Австралија изјави дека станува збор за „сериозен безбедносен инцидент“ и дека сите релевантни служби се мобилизирани. Истрагата е во тек, а јавноста е повикана да не шири непроверени информации.

Надлежните апелираат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални извори додека трае истрагата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Свет

Случаен минувач со храбра реакција спречи посериозна трагедија – инцидентот снимен на видео

Храбра и присебна реакција на случаен минувач спречила можни потешки последици при инцидент кој се случил на јавен простор, а целата ситуација е забележана на видео што брзо се прошири на социјалните мрежи.

Според достапните информации, минувачот интервенирал во момент кога едно лице било во опасност, реагирајќи без двоумење и со голема смелост. Благодарение на неговата навремена постапка, спречено е понатамошно ескалирање на ситуацијата и можно повредување.

Надлежните служби биле известени за настанот, а лицата инволвирани во инцидентот се под контрола на институциите. Засега не се пријавени потешки повреди.

Настанот предизвика бројни реакции во јавноста, при што корисниците на социјалните мрежи ја пофалија храброста и човечноста на минувачот, истакнувајќи дека ваквите постапки се редок, но вреден пример на солидарност и граѓанска одговорност.

ВИДЕО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг