Connect with us

Инфо +

Лекар со плата од 600 евра, пекар со 250 евра

Published

on

Дека македонскиот пазар е заситен од факултетски образован кадар (со исклучок на дефицитарните кадри лекари и компјутерџии) најдобар тоа го покажува пазарот на работна рака.

Очигледно да се најде пекар е тешка мисија па на газдите што им останува друго освен најболното да мора да креваат цена ако сакаат да го задржат пекарот. Па така ако просечната плата во земјава е околу 350 евра пекарите се над просекот.

Всушност многу често може да се забележи како во бурекчилници и пекари се бараат пекари и тоа им се нуди плата од 36 000 денари.

Бидејќи просечниот работник најчесто е платен во рамки на државниот просек, оваа понуда ги запрепастува минувачите. Најпогодени се можеби академските граѓани кои ем потрошиле време по факултетските клупи ем пак немаат работа или се платени на пола од оваа понуда. Во загуба се и родителите кои потрошиле цело богатство да го едуцираат детето, а на крај добиваат уште еден невработен.

Како и да е занает си е занает никогаш нема да ве остави гладен.

Балкан

Премиерката на Италија откри која држава од Балканот може да се приклучи во ЕУ во 2028 година?

Published

on

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес во Рим изрази цврста поддршка за европскиот пат на Црна Гора, истакнувајќи дека е уверена оти земјата ќе стане 28-та членка на Европската унија токму за време на италијанското претседавање со ЕУ во првата половина на 2028 година.

Оваа изјава ја даде на заедничката средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, кој е во прва официјална посета на Италија на нејзина покана. Двајцата премиери истакнаа дека најдобрите денови за билатералната соработка сè уште доаѓаат, а дополнителен импулс за продлабочување на односите ќе даде и партнерството во рамките на Европската унија.

Разговорите меѓу двете страни беа фокусирани на конкретни заеднички проекти и иницијативи во клучни области како што се инфраструктурата, одбраната, енергетиката и регионалното поврзување, при што Италија потврди дека останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на Црна Гора.

Continue Reading

Свет

Хамас го одби предлогот на Израел за прекин на огнот

Published

on

Хамас го одби предлогот на Израел за шестнеделен прекин на огнот во Газа, во кој се бараше разоружување на групата, јави Би-Би-Си.

Според палестински функционер запознаен со преговорите, понудата не вклучувала обврска за прекин на војната или повлекување на израелските сили – услови што Хамас ги смета за клучни во замена за ослободување на дел од заложниците.

Во меѓувреме, Израел ја продолжува офанзивата. Еден чувар загина, а деветмина беа повредени при воздушен напад врз теренска болница во Кан Јунис. Израелската армија сè уште не го коментирала инцидентот.

ОН предупреди дека хуманитарната состојба во Газа е најлоша од почетокот на конфликтот. Израел шест недели не дозволува влез на резерви – најдолг прекин досега – додека ОН ги отфрлаат тврдењата дека има доволно храна, предупредувајќи дека блокадата може да претставува прекршување на меѓународното хуманитарно право.

Израелскиот премиер вели дека притисокот има за цел да го натера Хамас на ново примирје и ослободување на заложниците. ОН пак посочуваат на растечко насилство, масовни жртви и уништување на инфраструктура клучна за преживување.

Continue Reading

Свет

Кои земји во Европа можат сами да се одбранат во случај на воена закана?

Published

on

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека за Европа не е корисно да биде „безбедносен вазал“ на Соединетите Американски Држави, повикувајќи на посамостојно зајакнување на нејзината одбрана. Во интервју за медиумот UnHerd, тој нагласи дека не сака Европа слепо да ги следи насоките од Вашингтон.

„Не сакам Европејците да прават сè што им кажуваат Американците. Не мислам дека тоа е во нивен интерес, а уште помалку во нашиот“, изјави Венс, додавајќи дека континентот мора да покаже поголема самостојност во градењето на сопствени безбедносни капацитети.

Според него, најголем дел од европските држави немаат доволно силна војска за да обезбедат сопствена одбрана, со исклучоци како Велика Британија, Франција и Полска. Тој поттикна европските земји да вложат повеќе во модернизација на своите армии.

Критики за миграциите и лидерството во Европа

Американскиот потпретседател повторно ја критикуваше политиката на европските лидери во врска со миграцијата и интеграцијата, оценувајќи дека тие не ги слушаат своите граѓани.

„Европските народи сè уште повикуваат на пореална економска и миграциска политика, а лидерите продолжуваат да им го нудат токму спротивното од она за што изгледа дека се гласало“, рече Венс.

И покрај критиките, тој истакна дека ја „сака Европа“, иако веќе ги искажал своите несогласувања со европските лидери и на Минхенската безбедносна конференција и при посетата на Гренланд.

Реплика за изјавите на Зеленски

Венс се осврна и на неодамнешната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој обвини дека администрацијата на Доналд Трамп, наводно, „симпатизира со Русија“. Според Венс, овие тврдења се „апсурдни“ и „непродуктивни“.

„Тоа сигурно не води кон решение. Мислам дека ваквите коментари не придонесуваат за разбирање, туку само за дополнително недоразбирање“, истакна тој.

Изјавите на Венс доаѓаат во време на сè поголеми трансатлантски несогласувања околу финансирањето на одбраната, односите со Русија, како и прашањата поврзани со миграцијата и безбедноста.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк