“Страшна е коронава, чувајте се луѓе”

Вчера ме пратија на снимање на гради и крвна слика во Ковид центарот во 8ми Септември. Додека чекав ред, донесоа 40 о кусур годишен човек со амбулантно возило од Прилеп. Беше модар во лицето, стомакот подурн, не можеше да дише.. кажаа сатурацијата му била 40. Цел персонал се насочи кон него. Во посебна просторија, меѓутоа се слушаше во ходникот. Сестри, доктори, растрчани, со инекции и инфузии, боци кислород, вртат телефони, бараат слободен кревет за да го сместат откако ќе го поткренат малку… Во собата до него друг пациент во делириум вика не,не,не, ќе умрам,ќе умрам…него сатурацијата 77 му била.

Солзи ти одат сами на очи, се заблагодаруваш што си со полесни симптоми и во исто време се молиш така да остане. Страшна е коронава, чувајте се, маски и по мене најбитното дистанца!

https://twitter.com/AnaBlaise/status/1329475706229825543?s=20