Connect with us

Инфо +

Херојско срце: „Знам дека тука ми е кpајот, однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми“

Марјанчо Бошковски е роден на 14 јуни 1973 година во скопската населба Бутел. Најблиските го опишуваат Марјанчо како човек многу го красеше дружељубивоста, работливоста и хуманоста.

Марјанчо е момчето од спотот „За доброто на сите“. Режисерот веројатно, кога го зел за снимање, сметал на неговиот ведар лик и постојаната насмевка што го красела неговото лице. Впрочем, поради оптимизмот и позитивната енергија што зрачале од него, Бошковски бил омилен меѓу сите во населбата.

Бутел е со мешовито население, а Марјан се дружел со сите: Македонци, Срби, Албанци, Роми и Бошњаци. Тоа го потврдуваше и неговиот погреб. Марјанчо во својот кус живот работеше се и сешто. Од Ѓорче Петров до Драчево и од Водно до Топанско Поле, во изминатите години работеше во повеќе перални за возила и во повеќе колонијални продавници.

Ниту еден од сопствениците не го избрка заради неодговорност или поткрадување. По неколку месеци работа во некој дуќан, тој сам си заминуваше. Други, што случајно ќе се запознеше со нив, му ветуваа подобри услови и заминуваше.

Му здосадуваше иста работа и бесперпективност и затоа трагаше по попристојна работа и надеж дека еден ден ќе дојде до сопствена работа. Се го интересираше и во многу работи се разбираше. Три години пред да започне конфликот во Македонија починал таткото на Марјанчо.

Бошковски бил гардист во АРМ. Подоцна неколку пати бил земан на вежба. Последен пат е мобилизиран на 19 март 2001 година. Оттогаш до денот на загинувањето, 10 август, со мошне куси прекини, постојано бил по рововите на Скопска Црна Гора.

Поради лоша координираност и евиденција, во времето додека бил мобилизиран од АРМ, го барала и полицијата. Луѓето од полициската станица „Бит-пазар“ телефонски го барале неколку пати. Мајка му или сестра му одговарале дека Марјан одамна е мобилизиран во АРМ.

По едно навраќање дома, мајка му кажувала на Марјанчо за настанот. Тој пак се насмеал и само одговорил:Не е битно. Можеби некои момчиња се кријат, но ако сите се криеме, кој ќе ја брани татковината? Не се грижете, ќе поминам во станицата и ќе се разбереме. Во текот на војната 2001 година, Бошковски на секого од другарите од рововите барем еднап му го спасил животот.

Во врска со јулскиот земјотрес во Кумановско, соборците велат дека не биле точни радио информациите дека имало посилен земјотрес. Тој ден биле во близина на Матејче. Марјанчо тогаш открил огромен склад за оружје и муниција. Отиде сам и го крена складот во воздух.

Долго потоа земјата се тресеше и одекнуваа подземни детонации. Кога се враќале на позициите, претпоставените веќе знаеја кој го сторил тоа, и од милост, Марјанчо го прекрстија во „Рамбо“.

На 8 август 2001 година требаше да се раздолжи и да се врати дома. Веќе му беше подготвено решението за редовен работен однос во АРМ. Бидејќи не беше дојдена комплетната смена, Марјанчо и неговите соборци остануваат уште два дена, до кобниот 10 август, каде што ќе загине кај Љуботенски Бачила.

На враќање од позициите, камиончето застанало пред чешмата, се напиле вода и наполниле шишиња. Потоа, само што тргнале, експлозијата го разнела возилото. Десетина, петнаесет метри од патот, имало терористичка заседна со пет до шест вооружени терористи. Тие ги активирале експлозивите, а и припукувале на камиончето. Тогаш од позициите повисоко на планината дотрчал војник пукајќи со автомат да ги заштити настраданите.

Терористите се разбегале и немале можност да ги дотепуваат настраданите. Марјанчо починал на патот кон болницата. Марјанчо Бошковски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Бошковски остана неженет и без деца.

Во текот на транспортот, Марјанчо имал кус дијалог со лекарот што бил во екипата за извлекување на ранетите и убиените кај Љуботенски Бачила. „Докторе, однесете ме дома“, му рекол на лекарот. „Стрпи се уште малку и се ке биде во ред“, му одговорил лекарот.

Марјанчо пак, му вели: „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам. Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија” — последните зборови на Марјанчо Бошковски (†28), еден од загинатите во масакрот кај Љуботенски Бачила.

Advertisement

Балкан

Десетгодишно момче тешко повредено од петарда – му експлодирала во раката

Десетгодишно момче од Осиек се здоби со тешки повреди откако во петокот вечерта околу 21:30 часот му експлодирала петарда во раката, при што два прста на неговата лева рака биле ампутирани.

Момчето веднаш било пренесено во Единственото одделение за итни случаи на Клиничкиот болнички центар во Осиек. По приемот на пријавата, на местото на несреќата била испратена полициска екипа од Осиек-Барања која извршила увид и ги истражува сите околности на инцидентот.

Полицијата потсети дека пиротехничките средства не се играчки и дека нивната употреба од страна на деца е строго забранета. Родителите и старателите се предупредуваат дека ако дете под 14 години поседува или користи пиротехника, тие ќе одговараат за прекршокот.

„Пиротехничките средства можат да предизвикаат сериозни повреди и пожари, особено кога се користат од деца или на места каде што се собира голем број луѓе“, порача полицијата.

Continue Reading

Свет

Западен Балкан под засилен надзор на САД – еве зошто

Соединетите Американски Држави испратија недвосмислена порака дека нема да поддржат никакви обиди за прецртување на границите или промени на етничкото и политичкото уредување на Западен Балкан. Оваа позиција е вградена во Законот за овластување за национална одбрана на САД за 2026 година, потпишан од претседателот Доналд Трамп.

Законот ја нагласува стратешката важност на регионот и ја потврдува поддршката на Вашингтон за евроатлантската интеграција, демократскиот развој и економската стабилност на земјите од Западен Балкан. Посебен акцент се става на намалување на енергетската зависност од Русија и спротивставување на, како што се наведува, злонамерното влијание на Кина.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија се дефинирани како плуралистички и мултиетнички општества, чија стабилност е од клучно значење за мирот во Европа. САД најавуваат континуирана поддршка за демократските институции со цел спречување на повторно појавување на етнички тензии.

Документот предвидува и можност за санкции против поединци или политики што го загрозуваат мирот, безбедноста или територијалниот интегритет на која било земја во регионот. Истовремено, Стејт департментот ќе има обврска редовно да известува за активностите на Русија и Кина, вклучително и за обидите за политичко влијание и мешање во изборни процеси.

Посебна загриженост се изразува за демократските стандарди во Србија по последните изборни процеси, како и за потребата од напредок во спроведувањето на Бриселско-Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина. Законот ја нагласува и важноста од продолжување на мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

Покрај безбедносниот аспект, САД најавуваат засилена поддршка за економскиот раст, зголемување на инвестициите и диверзификација на енергетските извори, со цел регионот да стане поотпорен на надворешни геополитички притисоци.

Continue Reading

Балкан

Тајмс: Почина важен сведок во случајот за наводниот „Сараево сафари“

Клучен сведок во истрагата за наводните платени снајперски напади врз цивили за време на опсадата на Сараево ненадејно починал, објави британскиот весник „Тајмс“, а информацијата ја пренесоа и регионални медиуми.

Станува збор за Славко Алексиќ, поранешен водач на српска паравоена формација и самопрогласен четнички војвода, кој починал во Требиње на 69-годишна возраст. Според достапните информации, тој претходно немал сериозни здравствени проблеми. Неговата смрт се случува во чувствителен момент, откако во Италија беше отворена нова истрага за т.н. „Сараево сафари“ – наводи дека за време на војната во 1990-тите богати странци плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево.

Според пишувањето на весникот, Алексиќ за време на опсадата ја контролирал зоната околу Еврејските гробишта над Сараево, една од најпознатите снајперски позиции од кои градот бил систематски гранатиран. Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ изјавил дека Алексиќ бил исклучително значаен сведок, бидејќи можел да открие кој ги извршувал нападите и кој стоел зад организирањето на целата мрежа.

Смртта на Алексиќ следи кратко по отворањето на истрага во Милано, насочена кон можни воени злосторства поврзани со т.н. „човечки сафари“. Овие наводи беа обработени и во документарниот филм „Sarajevo Safari“ од 2022 година, во кој се тврди дека странски „туристи“ од Русија, Канада и САД доаѓале на околните ридови и пукаале врз цивили, со посебни тарифи за гаѓање деца.

Адвокатот Стојковиќ изрази сомневање дека смртта на Алексиќ може да биде поврзана со тековната истрага, нагласувајќи дека тоа се негови лични проценки. Тој изјави дека, според него, постои разумна основа за сомнеж во можна вмешаност на српските безбедносни структури.

Кон крајот на ноември, Алексиќ дал интервју за српска телевизија во кое тврдел дека српскиот претседател Александар Вучиќ немал никаква поврзаност со снајперските дејства за време на опсадата на Сараево, демантирајќи ги претходните јавни обвинувања.

Истрагата во Италија е покрената по кривична пријава поднесена од италијански новинар и писател, кој тврди дека посетителите плаќале од 70.000 до 88.000 фунти за пристап до снајперски позиции за време на војната. Преживеаните од Сараево изразуваат надеж дека истрагата ќе доведе до целосно расветлување на една од најмрачните епизоди од војната во Босна и Херцеговина и до најстроги казни доколку наводите се потврдат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг